29 Март, 2024
0.0266

Нов SEAT Ateca 2020: засилување на успешната приказна

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

- Новиот SEAT Ateca 2020 носи револуција на дизајнот на компактниот теренец, благодарение на поемотивниот надворешен дизајн и напредниот ентериер

- SEAT Ateca станува целосно поврзан со интегрирање на висока конективност во автомобилот - интернет функции и услуги - и поврзаност со SEAT CONNECT

- Напредните системи за помош и безбедност на возачот го одведуваат SEAT Ateca 2020 на следното ниво

- Новото ниво на опрема XPERIENCE му дава на Ateca робустен и теренски карактер

- Обновениот опсег на напредни мотори на SEAT Ateca, вклучително и бензинот (TSI) и дизелот (TDI), помагаат во намалувањето на емисиите додека одржуваат динамика на возењето.

SEAT го освежува успешниот SUV - Ateca со воведувањето на производната верзија за 2020 година. Преработеното возило ќе се заснова на своите компактни SUV атрибути, додавајќи освежен и поемотивен изглед како внатре, така и надвор, целосно поврзано корисничко искуство, подобрено ниво на безбедност и удобност и зголемена ефикасност.

Кога за прв пат беше лансиран, SEAT Ateca донесе нова димензија на компактниот SUV пазар; тој беше совршен за градскиот живот, нудејќи простран, практичен и разноврстен теренец со уникатен стил. И неговиот јасен карактер, емоционален дизајн и динамична личност е додаден во новата верзија.

„SEAT Ateca стана едно од поуспешните возила на шпанскиот бренд, продавајќи повеќе од 300.000 единици од нејзиното претставување во 2016 година. Новиот SEAT Ateca 2020 е еволуција на оригиналниот производ и има за цел да го продолжи својот успех преку консолидирање на позиција во еден од најважните сегменти на пазарот“, рече Карстен Исензе, претседател на SEAT и потпретседател за финансии и IT.

SEAT Ateca е дизајниран и развиен во Барселона, а се произведува во Квасини (Чешка), додавајќи дополнителен импулс во составот на SUV понудата на брендот - сегмент на возила што е суштински важен за континуираниот успех на SEAT.

Од неговото воведување во 2016 година, продадени се повеќе од 300.000 SEAT Ateca возила, што претставува огромно достигнување за компактниот теренец.



Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија