НОВ РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - најголем дел од ноќевањата ги прават домашните гости
Објавено во: Економија 12 Септември, 2024
Во текот на јули годинава бројот на туристи достигнал 204.336 лица, при што има повеќе странски отколку домашни туристи. Од вупниот број туристи, 58,2 проценти се странски труисти, додека домашните туристи опфатиле 41,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Сепак, како што објавија статистичарите, домашните туристи направиле повеќе ноќевања.
Имено, во текот на јули биле реализирани 756.831 ноќевања, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.
Статистика регистрираше раст на бројот на туристите и на бројот на ноќевањата од почетокот на годината до крајот на јули во споредба со истиот период минатата година
- Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,7 отсто вкупно, при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 проценти, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.
Во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 6,1 процент, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,7 отсто, а кај странските има зголемување за 9,7 проценти - се наведува во соопштението.