Нов пробив за биткоинот
Објавено во: Економија 20 Октомври, 2021
Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин.
Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит. Цената на биткоинот вчера попладне се искачи над 64.000 долари, што се зголеми од нивото забележано на крајот на септември од нешто помалку од 44.000 долари. Тоа пак е зголемување за повеќе од 40 проценти. Биткоинот сега е само еден процент подалеку од историскиот максимум, кој го имаше на почетокот на оваа година, и беше нешто под 65.000 долари. Има прогнози дека би можел да чини до 100.000 долари.