28 Март, 2024
0.0332

Нов хотелски бренд „ИБИС“ ќе никне во близина на плоштадот!

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Во строгиот центар на Скопје, на големо се подготвува теренот за изградба на новиот хотел од францускиот ланец “Ибис”. Се работи за градежната парцела позади хотелот “Јадран”, непосредно пред стамбените згради на истата локација. Дозволата за градба ја има издадено општината Центар. Според Деталниот урбанистички план за овој дел од центарот на градот, градежната парцела е со површина од 577 ква­драт­ни ме­три, од кои 416 се пред­ви­де­ни за град­ба. Хо­те­лот ќе биде висок близу 29 метри, односно ќе има се­дум ка­та и по­ткров­је, со  раз­ви­е­на­та бру­то-по­вр­ши­на од 3.774 ква­драт­ни ме­три. Проектот  за хотелот е изработен од компанијата „Гем­ма ин­же­не­ринг“ од Скоп­је, градежните работи ќе ги ги изведува „НБ Ком­па­ни“ од Те­то­во, а како инвеститор се јавува „Евро­бал­кан хо­телс“ од Скопје. Инаку пред пет години, речиси на истата локација, една од најголемите македонски хотелско-угостителски компании “Македонија турист”, најави дека ќе гради луксузен хотел, во кој планираше да вложи околу пет милиони евра. Тогаш “Македонија турист” планираше фасадата на хотелот да биде цела од стакло, и да се гради на задниот дел од Арапска куќа. За дел од жителите е нејасно како е дадена дозвола за изградба на толку висок хотел веднаш пред нивните домови. -Мислам дека таа висина, поточно седум ката и поткровје е многу за оваа локација, ако се има во предвид дека стамбените згради што се веднаш до просторот се на 4 и на 5 ката. Се надевам дека изведувачите ќе го имаат во предвид тоа, вели жител на една од околните згради. Ова е втор хотел што овој период се гради во центарот на Скопје. На само неколку метри подалеку, на плоштадот Македонија, на површина од 20.000 метри квадратни интензивно се гради луксузниот хотел “Мериот”, инвестиција вредна 37 милиони евра. Францускиот хотелски ланец “Ибис”, во светот има 800 хотели во 40 држави. Групацијата  “Accor” од Франција, е сопственик на брендот “Ibis Hotels”, која што само лани имаше финансиски обрт од над 6 милјарди евра. Еве некои од нив: ИБИС БАРСЕЛОНА   ИБИС ГЕТЕБОРГ   ИБИС ДУБАИ  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“