25 Април, 2024
0.0288

NOT AN EVENT го одбележа доаѓањето на Not a pErfumе superdose во стилот на Studio 54

Објавено во: Стил 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Вчера со почеток во 19 часот во парфимеријатa Anabella Мериот се одржа официјалната промоција на два нови парфеми од брендот Juliette has a gun: „In the Mood for Oud“ и „Not a pErfume“.  NOT AN EVENT, тематски настан, гости кои уживаа во идејата дека за момент се дел од диско ерата на минатиот век.


Претставничката на брендот,  Margaux Rieutort-Cottel им се обрати на гостите, доближувајќи им го уште повеќе брендот и колекциите од истиот.

Меѓу присутните гости, беа медиумите и дел од македонските инфлуенсери кои први имаа можност да ги пробаат на себе парфемите.


Луксузен, скапоцен, мистериозен,  In the Mood for Oud ги отелотворува тајните желби на жената во пламенот на огнот. Свежа и невина на почетокот, таа е вистински сензуална, но со доза дивост во срцето. Топли и привлечни, нотите од Оуд Ве пленат. Веќе сте под влијание, нотите на Тонка грав во заднина го комплетираат волшебството. Крваво црвено.... Крунисано со златнато капаче, шишето е скапацено и привлечно како и самиот мирис. Каприц, па да, мора да има... ништо не е премногу отмено кога желбата на една жена е во прашање.


Not a pErfume Superdose претставува уште поинтензивна верзија на  Not a pErfume. Креаторот на брендот Juliette Has a Gun, Romano Ricci за овој парфем вели дека инспирацијата ја нашол во идејата за раздвижување на светот.  Експлозивен парфем, како и неговото име. Мирис кој ќе ги израдува сите љубители на Not a pErfumе, а особено среќни ќе бидат оние кои обично не го доживуваат интензивно стандардниот мирис на Not a pErfumе.


Мирисни задоволства кои ќе ги обожавате со потпис на Romano Ricci.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти