18 Јануари, 2021
0.0230

ТТК банка покажа како се заработува во силна конкуренција

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020

Зголемени приходи од надоместоци и провизии, одржување на приходите од нето камати на пристојно ниво без драматичен пад и драстично намалена загуба по основ оштетување нефинансиски средства се клучните фактори кои ги израдуваа акционерите на најмалата банка чија акција котира на Официјалниот пазар на берзата. Добри вести и за акционерите на „Тетекс“ – нивната банка лани оствари добивка од 1,76 милиони евра што е за 115.000 евра повеќе од 2018 година. Еве ладен туш за злите јазици кои халуцинираа за пропаст на „Тетекс“ – ако се подели дивиденда од ТТК Банка „Тетекс“ ќе земе 730.000 евра

Најмалата банка чија акција котира на Официјалниот пазар повторно покажа дека ако се знае како има простор за добра заработка во силната банкарска конкуренција. ТТК Банка објави дека лани остварила добивка по оданочување од 1,76 милиони евра и тоа е за 115.000 евра повеќе од 2018 година. Тоа е за 7 отсто подобар резултат од 2018 година! Солиден раст во услови на остра банкарска конкуренција.

ТТК Банка во 2019 година успеала да направи оптимизација на страната на приходите, да го зголеми кредитирањето и следствено на тоа резервациите и да успее да ја зголеми добивката во споредба со 2018 година со драстично кратење на трошоците кои настанауваат како загуба по основ на оштетување на нефинансиски средства. Тука е клучот на солидиниот резултат на ТТК Банка.

Нето приходите од камати за лани изнесуваат 4,36 милиони евра и се за 43.300 евра односно речиси еден отсто пониски од 2018 година. Значи ТТК Банка успеала да ја одржи својата најдоходовна позиција во услови на намалени каматни стапки за кредити. Паралелно со тоа успеале да ги зголемат приходите од провизии и надоместоци на нето основа за 214.000 евра до износ од 2,27 милиони евра што претставува раст од 10 осто во однос на 2018 година. Драстичен пад на останатите приходи од дејноста лани во однос на 2018 година. Падот е 670.000 евра, а нивното е 1,29 милиони евра. И тука доаѓа клучниот потег. Загубата по основ на оштетување на нефинансиски средства изнесува 28.000 евра и во однос на претходната година е пониска за 853.000 евра. Кратењето на овој трошок е клуч на успехот на ТТК Банка годинава.

Резервациите се на ниво од 1 милион евра и во споредба со лани се повисоки за 313.000 евра.

На страната на билансот на состојба најважните податоци се следниве: кредитирањето е зголемено за 5,8 милиони евра до износ од 83 милиони евра. Депозитите се зголемени за 5,4 милиони евра и достигнале износ од 116 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШАХПАСКА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Не за жени со 62, туку за сите е 64 години

ШАХПАСКА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Не за жени со 62, туку за сите е 64 години

ИМА ШАНСИ ЛОКАЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ - конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

ИМА ШАНСИ ЛОКАЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ - конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021

Цените на становите во вис и покрај кризата: Достигнат ценовниот бум од 2010 година

Цените на становите во вис и покрај кризата: Достигнат ценовниот бум од 2010 година

Владата му даде милион евра аванс на АД ЕСМ за да ја докупи зградата на ЕВН

Владата му даде милион евра аванс на АД ЕСМ за да ја докупи зградата на ЕВН

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ЗДРАВАТА ХРАНА - како мала фирма за барови ги освои домашните потрошувачи

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ЗДРАВАТА ХРАНА - како мала фирма за барови ги освои домашните потрошувачи

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ: Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември

РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ: Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември