25 Април, 2024
0.0280

НЛБ „короната“ не ја плаши, кредитирањето расте! Колкава е добивката?

Објавено во: Економија 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка има солидни резултати со оглед на условите во кои работи и негативните влијанија на пандемијата што царува од март годинава. Добивка од речиси 12 милиони евра, очекувано пониска заради очекувано зголемените резервации, зголемено кредитирање, раст на депозитите.

НЛБ Банка во „корона“ кварталот (периодот април – јуни) успеа да оствари добивка од 4,7 милиони евра, што за вонредните услови на работење е одличен показател за успешната деловна политика на една од трите најголеми банки во земјава.

Банката има одличен квартал и со антиципираните зголемувања на трошоците за резервации и намалената добивка. Нето приходите од камати во периодот април - јуни изнесуваат 11,9 милиони евра исто како и во првиот квартал. За првото полугодие на нето основа банката од камати остварила вкупен приход од 23,8 милиони евра. Мало снижување од 5 отсто има кај нето приходите од провизии и надоместоци во првата половина на годинава во споредба со истиот период лани. Вкупно нето приходите од надоместоци и провизии од почеток на јануари до карј на јуни изнесуваат 8,2 милиони евра. Од тоа во вториот квартал приходот е 3,9 милиони евра што е само за нијанса помалку од првиот квартал кога изнесуваат 4,3 милиони евра.

Клучот за намалената добивка кај банката годинава во споредба со лани е во очекуваниот раст на трошоците за резервации. Годинава тие се 7,4 милиони евра што е за четири пати повисоки од истиот период лани кога изнесувале 1,8 милиони евра.

Добивката на банката за половина година изнесува 11,5 милиони евра и таа е за 26,8 отсто пониска од истиот период лани токму заради драстично зголемениот трошок за резервации, што беше и очекувано со оглед на негативното влијание што врз економијата го има пандемијата од COVID 19.

На страната на билансот на состојба ситуацијата е следна: банката има зголемување на кредитирањето на небанкарскиот сектор за 3,4 отсто до износ од 919,9 милиони евра. Исто така и вложувањата во хартии од вредност книжат зголемување за 35 отсто и на крајот на јуни годинава тие изнесуваат 240,1 милиони евра.

Вкупните депозити на другите коминтенти (освен банки) изнесуваат 1,24 милијарди евра и се зголемени за 5 отсто во споредба со првата половина од минатата година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија