31 Јануари, 2023
0.0222

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за физички лица

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка, следејќи ја стратегијата за одржливост на ниво на НЛБ Групација, согласно стандардите за управување со еколошките и социјалните аспекти, во своето портфолио воведува нови „Зелени“ кредитни продукти наменeти за физички лица.

Веќе од денеска, во НЛБ Банка клиентите можат да аплицираат за зелените потрошувачки, станбени и автомобилски кредити кои се сопоповолни каматни  стапки од стандардните кредитни продукти.

Со Зелениот станбен кредит, НЛБ Банка на клиентите им овозможува купување на ново - изградени станови од градежни компании - соработници и постоечки станови во сопственост на физички лица, единствено за објекти кои се сертифицирани од Агенцијата за Енергетика на РСМ со А и Б енергетски лиценци, како гаранција за високата енергетска ефикасност на објектот. Зелениот потрошувачки кредит претставува поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор и можност клиентите - физички лица, при изведба или реновирање на постоечки објекти, да инвестираат во енергетски ефикасни технологии со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија, греење и ладење во домот.

Клиентите кои ќе изберат да купат електричнo или хибридно возило, можат да аплицираат за  Зелениот автомобилски кредит на НЛБ Банка.

Со зелените кредити, НЛБ Банка стимулира купување на недвижности со енергетска лиценца, подобрување на енергетската ефикасност на постоечките објекти и инвестирање во еколошки транспорт и е-мобилност, со што се придонесува кон намалување на загадувањето на животната средина, емисиите на стакленички гасови во воздухот и одржлив развој.

И досега НЛБ Банка пласираше „Зелени“ кредити, од Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF). Преку двете кредитни линии во сораборка со ЕБОР целосно се пласирани 5 милиони евра до крајните корисници - физички лица кои беа наменти за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор.

НЛБ Банка ја имплеметираше одржливоста како концепт во сите свои деловни операции и практики кое сè повеќе стануваат приоритет на локално и регионално ниво на сите пазари каде е присутна НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата е меѓу првите во финансиската индустрија во југо-источна Европа која постави амбициозни цели за управување со животната средина и социјалните аспекти, фокусирајќи се на воведување производи кои промовираат одржливост и енергетска ефикасност.

Можеби ќе ве интересира

Samsung, во соработка со наградуваниот режисер Чарли Кауфман, го претставува врвното искуство со Galaxy камерата

Samsung, во соработка со наградуваниот режисер Чарли Кауфман, го претставува врвното искуство со Galaxy камерата

ТАВ: Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023

ТАВ: Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023

Над 60 отсто од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн

Над 60 отсто од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн

КОНКУРС за избор и реизбор на постојните и нови предавачи, најпрво на неформалните обуки (специјализации)

КОНКУРС за избор и реизбор на постојните и нови предавачи, најпрво на неформалните обуки (специјализации)

Специјална понуда за врабoтените во образование

Специјална понуда за врабoтените во образование

СРЕЌНОТО ТРКАЛО ГИ ДОНЕСЕ ДОБИТНИЦИТЕ НА ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“

СРЕЌНОТО ТРКАЛО ГИ ДОНЕСЕ ДОБИТНИЦИТЕ НА ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“

Никола (20) од Штип преживеа долга реанимација: Докторите направија чудо и го спасија

Никола (20) од Штип преживеа долга реанимација: Докторите направија чудо и го спасија

Прв саем на спиењето во Ист Гејт Мол во Скопје

Прв саем на спиењето во Ист Гејт Мол во Скопје

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега изнесува 147 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега изнесува 147 евра за мегават час