25 Април, 2024
0.0271

НЛБ Банка сепак нема да подели дивиденда!

Објавено во: Финансии 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка нема да исплати дивиденда затоа што мнозинскиот акционер гласал против предлогот. Веројатно од централата од Љубљана ја прифатиле сугестијата од нашата централна банка која пред еден месец повторно соопшти компаниите да се воздржат од поделба на дивиденда во овие специфични економски услови моделирани во значајна мерка ефектите на корона кризата

Ладен туш за домашната инвеститорска заедница. Големите планови и очекувања за солидна дивиденда од НЛБ Банка, ќе почекаат некои други подобри времиња.
НЛБ Банка денеска на информацискиот берзански систем СЕИ НЕТ објави дека мнозинството акционери гласале против предлозите за употреба на акумулираната добивка и последователно гласале против и предлог одлуката за утврдување на висината на износ за дивиденда по акција.

Ова значи дека НЛБ Банка нема да подели дивиденда во износ од 27,4 милиони евра како што беше предложено и ставено на дневен ред на последното акционерско собрание. Откако најголемиот акционер односно банката – мајка НЛБ Љубљана одлучи да гласа против предлогот овие средства на скопската НЛБ остануваат да бидат акумулирана добивка и понатаму.
Деталите се достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=52990

 Големи беа очекувањата на малите акционери во периодот по објавата на предлозите за ова акционерско собрание кон крајот на минатиот месец. Во тие денови по објавата на нашиот пазар на капитал се бараше акција повеќе од НЛБ Банка, а највисоката пазарна цена во еден момент ја допре маргината од 19.700 денари за акција. Мотивацијата беше голема затоа што доколку беше донесена одлука за дивиденда , секоја акција на НЛБ Банка ќе донесеше принос од околу 30 евра на својот сопственик. А принос од речиси 10 отсто на вложеното е без конкуренција во однос на другите вложувања, во корона услови, без разлика дали станува збор за инвестирање во акции или во банкарски орочени влогови.

Само за потсетување веднаш по објавата на предлозите за дневен ред со соопштение реагираше нашата централна банка која останува на ставот со кој сугерира на компаниите да се воздржат од поделба на дивиденда. А тоа особено се однесува на компании кои имаат странски акционери и кај кои исплатата на дивиденда значи и значаен девизен одлив.

НЛБ Банка и на редовното годишно собрание на почеток на летово се воздржа од поделба на дивиденда на своите акционери. И тогаш по сугестија на нашата централна банка.

Еве ги и резултатите од финансикото работење на банката.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка