28 Март, 2024
0.0259

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено во: Економија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“.Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија.

Престижното признание „Банка на годината“ магазинот The Banker го темели на основ на повеќе критериуми меѓу кои, остварените финансиски резултати, иновации и развој на нови производи, услуги и технологии, вредност за клиентите, лидерство во општеството и стратешка предност во однос на конкуренцијата.

„Да се понесе, по единаесетти пат, признанието „Банка на годината“ од најдолготрајната меѓународна банкарска титула во светот е вистинска чест за нашата Банка и доказ за силното управување, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот.  Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјавува Претседателот на УО на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ по повод признанието и додава: „Оваа 2022 година ни покажа колку силно влијание имаа претходните две ковид години врз функционирањето на бизнисот, барајќи од нас големите предизвици да ги претвориме во решенија за иднината. Следејќи ја значајната промена на навиките на нашите клиенти поради пандемијата, економската криза и придвижувањето на клиентите во дигиталниот свет, ние во НЛБ Банка го засиливме развојот на иновативни производи прилагодени на потребите на нашите клиенти и целата економија. Нашите идни планови и натаму остануваат поврзани со интересите на граѓаните и економијата на земјата. Два аспекта ќе бидат особено важни во тој поглед. Прво, одговорното делување во насока на одржлив развој и второ, нашите производи, кои ќе бидат насочени кон поддршка на клиентите да го најдат својот пат во дигиталниот свет. Секако, клиентите се во фокусот на сè што правиме, а нивното задоволство останува наш врвен приоритет.“

НЛБ Банка е меѓу водечките финансиски институции и втора системски најзначајна банка во земјата. Одличните резултати на НЛБ Банка се должат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти, квалитетни финансиски услуги, висока оперативна ефикасност и значајни инвестиции во дигиталните сервиси.

Во трите квартали од 2022 година, НЛБ Банка,и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор. Така, во деветте месеци од годината, вкупните кредити што Банката ги пласираше кон населението и бизнис секторот достигнаа вредност од 1.107милиони евра. Благодарение на посветеноста во креирање на конкурентни продукти, прилагодени на состојбите на пазарот и на потребите на клиентите, Банката го заврши третиот квартал од годината со остварена нето добивка од 33 милиони евра што претставува зголемување од 21% во однос на претходната. Следејќи ја стратегијата за општествената одговорност и реализација на агендата за одржлив развој, Банката реализираше проекти за унапредување на заедницата, заштита на животната средина, придонесувајќи кон порамномерен и поинклузивен економски и социјален систем.

Угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2022 година на свечена церемонија којашто се одржа на 1-ви декември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 120 земји во светот. Меѓу наградените е и уште една банка – членка на НЛБ Групацијата,  НЛБ Банка Подгорица.

За The Banker

Меѓународната публикација за финансии The Banker е во сопственост на The Financial Times Ltd. Речиси еден век, The Banker е водечки светски магазинкој ја следи банкарската индустрија преку теми поврзани со глобалните финансиски случувања, отсликани преку мислења, профили и интервјуа на банкарски и финансиски фигури. Признанијата на The Banker за „Банка на годината“ се сметаат за Оскари во банкарската индустрија и истите се доделуваат на врвни финансиски институции во светот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“