28 Март, 2024
0.0296

НЛБ Банка по петти пат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2020 година ја доби петтата награда по ред за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА. 

Europe Banking Awards веќе тринаесет години ги препознава и наградува достигнувањата на банките во регионот, а организатор на овие награди е ЕМЕА – реномираниот финансиски магазин чија уредничка визија е да биде „независен глас“ на финансиската заедница.
Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат на способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.

НЛБ Банка успешно се справи со сите предизвици кои беа наметнати минатата година од глобалната пандемија и притоа оствари извонредни финансиски резултати.

Во текот на изминатата година НЛБ Банка ја унапреди својата понуда преку воведување на нови иновативни продукти, како што се брзите плаќања и кредитите преку мобилен телефон и значително го зголеми користењето на дигиталните канали. Исто така ја покажа својата општествена одговорност преку низа донации и спонзорства наменети за подигнување на општото добро, со истовремена безрезервна фокусираност кон своите клиенти со цел поддршка за нивно полесно справување со последиците од кризата. Како резултат на тоа, следеа одлични финансиски резултати, проследени со високо ниво на корисничко задоволство и перцепција на брендот. .

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија, што се должи на континуираните продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во дигиталните канали. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија