18 Април, 2024
0.0264

ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Меѓународната конференција „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ-“ која Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со поддршка на Централно-европската иницијатива продолжи и денес во присуство на претставници од бизнис заедницата, реномирани адвокатски друштва, студентите и пошироката јавност и реномираните експерти од коишто дел имаа и свои излагања на настанот.

Говорниците во рамки на третиот панел на Конференцијата, своите излагања ги посветија на Конвенцијата за признавање и извршување на странските арбитражни одлуки (Њујоршка конвенција) која воедно оваа година прославува и 60 години јубилеј од своето постоење. Панелот го модерираше проф.д-р Алеш Галиќ, од Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана. Првиот панелист, проф.д-р Тони Дескоски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје во рамките на неговото излагање говореше за материјалноправните претпоставки (пречки) за признавањето на странските арбитражни одлуки, со фокус на повредата на правото на странките да бидат сослушани за време на арбитражната постапка, од чл. VI од Конвенцијата. Проф. д-р Дескоскисе осврна на ситуациите кога странката може да бара да се одбие признавањето на странската арбитражна одлука повикувајќи се на тоа дека и било повредено правото да биде сослушана во постапката и каква е практиката на судовите во оваа насока.

Д-р Татјана Штерјова, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во своето излагање ја истакна важноста на Њујоршката конвенција како еден од најзначајните меѓународни документи (камен – темелници) во арбитражното право, но ја отвори дилемата дали Конвенцијата е подготвена да го положи тестот на времето особено кога станува збор за основата на арбитражните постапки – арбитражната спогодба. Д-р Штерјова истакна дека денес има повеќе меѓународни документи и национални законодавства кои предвидуваат пошироки и полиберални услови за полноважноста на арбитражната спогодба од оние дефинирани во Конвенцијата, поради што се поставува прашањето дали Конвенцијата ги задоволува критериумите во современото право или пак е „зрела за промени“.

Панелот го заокружи излагањето на проф. Кристина Флореску, USH Faculty of Juridical Political and Administrative Sciences, Bucharest која говорејќи за примената на Конвенцијата, посочи дека некои од нејзините одредби може да се прилагодат за да одговараат на современите случувања, но сепак Конвенцијата продолжува, во целина, да ја исполнува својата цел на задоволителен начин и според мислењето на мнозинството нема потреба дополнително да се ревидира. Според проф. Флореску,  современите барања  повеќе се состојат во донесување на меѓународно прифатливи и применливи стандарди и истото се однесува и за правилата на институционалните арбитражи, при што ги наведе реформите кои во таа насока ги презема Судот за меѓународна трговска арбитража при Комората за трговија и индустрија на Романија.

Четвртиот панел кој побуди особен интерес кај учесниците беше посветен на она што е една од најактуелни теми во сферата на арбитражата во последните години – Инвестициската арбитража. М-р Илија Митрев Пенушлиски од Shearman & Sterling LLP Paris,  говореше за легитимитетот на меѓународниот режим за заштита на инвестициите, глобалната експанзија на билатералните инвестициски договори и инвестициската арбитража. М-р Пенушлиски говореше и за дејствијата кои ги преземаат државите како резултат на нивната загриженост во последно време дека билатералните инвестициски договори го загрозуваат нивниот регулаторен простор, а кои несомнено влијаат врз режимот на заштитата на инвестициите.

Д-р Мориц Келер, од  Freshfields Bruckhaus Deringer Vienna се осврна на трендот на откажување на инвестициските договорисклучени помеѓу државите – членки и инвеститорите од Европската унија како одговор на притисоците од Европската комисија и негативното чувство кое преовладува во однос на ISDS (Investor-state dispute settlement). Во таа насока, д-р Келер ги посочи своите гледишта во врска со практичните импликации од откажувањето на договорите и начинот на кој најдобро може да се заштитат инвеститорите.

Презентацијата на м-р Јурај Брозовиќ, подготвена во соработка со проф.д-р Алан Узлеац од Правниот факултет во Загреб беше посветена на Investor-state Dispute Settlement system – ISDS кој стана основен механизам за заштита во меѓународните инвестициски договори склучени од Европската унија, а кој е содржан и во други меѓународни трговски договори како EUSFTA, EUVFTA, CETA и draft TTIP, во кои Европската унија инсистира на постоење на алтернативен механизам за решавање на споровите помеѓу инвеститорите и државите којшто ќе ги ублажи прашањата поврзани со арбитражата како стандарден форум, имајќи предвид дека во очите на Европската комисија на арбитрите им недостасува отчетност, а арбитражните постапки не се доволно или не се воопшто транспарентни. Во излагањето м-р Брозовиќ даде приказ на своите гледишта поврзани со дилемата дали моделот на ISDS ќе може да претставува сериозна алтернатива на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски споровит - ICISID и ad hoc арбитражата.

Олег Темников, од Wolf Theiss Sofia говореше за случајот Achmea и одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) со која тој пресуди дека арбитражната клаузула во билатералниот инвестициски договор помеѓу Холандија и Чехословачка не е компатибилна со правото на Европската Унија. Темников поконкретно се осврна и на ефектите кои оваа одлука ќе ги предизвика врз државите од Централна и Источна Европа, државите – членки на ЕУ, но и оние кои се стремат кон членство и се уште не се членки на Унијата.

Постојаниот избран суд – Арбиража при Стопанската комора на Македонија и понатаму ќе продолжи да презема активности во насока на поголема препознатливост и примена на арбитражата, а со цел компаниите да ги искористат предностите и придобивките кои ги нуди арбитражното решавање на споровите.

М-р Нена Николовска

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година