09 Март, 2021
0.0206

НИСКИ ДО КРАЈ: Овие два дена газди исплаќале плати за да не бидат казнети, денеска ќе бидат објавени

Објавено во: Економија 30 Јули, 2020

Владата планира да ги објави јавно фирмите кои земале државни субевниции, а на своите вработени не им ги исплатиле платите. Сите ќе бидат ставени денеска на интернет страницата на Генералниот секретаријат на Владата. Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска соопшти завчера дека 700 работодавачи користеле субвенции за исплата на платите, но во кризата и покрај субвенционирањето платите не им ги дале на своите вработени. Таа најави и казни, а во меѓувреме во овие два дена газди побрзале да им ги исплатат платите на вработените. Соочени со можноста да треба да ги враќаат парите, дел од работодавачите сакале да избегнат санкции па се раздолжиле.

Сета јавност беше гневна што работодавачи се спасувале од кризата на грбот на вработените кои цело време работеа. Експертите бараа казни веднаш, а од Сојузот на Синдикати побара овие работодавачи и кривично да одговараат.

„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Oд ССНМ ги осудија сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Додаваат дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаат дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано. 

-Управата за јавни приходи, без одложување и во најкус можен рок согласно своите законски овластувања да изврши присилна наплата на платите на работниците во фирмите кои добиле државна финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на плати во месеците за кои ја земале поддршката или исплатиле помалку плата за овие месеци.

УЈП вчера објави дека 708 компании кои  добиле над 385.000 евра за исплата на 14.500 денари за работниците за април и за мај, наместо да ги префрлат парите на над 1.700 работници,си ги задржале за себе. Други пак околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле  1,5 милиони евра помалку.

Обвинителството може да реагира по допрен глас.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Трошат по 200 евра од човек: Ако затвориме во недела, регионот ќе пазари во Косово и Србија

Трошат по 200 евра од човек: Ако затвориме во недела, регионот ќе пазари во Косово и Србија

И во февруари имало раст на трошоците за живот

И во февруари имало раст на трошоците за живот

Бензините се приближуваат до 70 денари: Ново поскапување од ноќеска

Бензините се приближуваат до 70 денари: Ново поскапување од ноќеска

Општина Центар со 2,3 милиони евра наплата на данок, Арачиново со „чиста нула“.

Општина Центар со 2,3 милиони евра наплата на данок, Арачиново со „чиста нула“.

Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?