Ништо од историската средба, Трамп му откажа на Ким
Објавено во: Свет 24 Мај, 2018
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го откажа историскиот самит во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун следниот месец.
Средбата, што ќе беше прва лице-в-лице меѓу актуелен претседател на САД и севернокорејски лидер, беше закажана за 12-ти јуни во југоисточниот азиски град.
„За жал, врз основа на огромна лутина и отворено непријателство покажано во неодамна издадено соопштение, мислам дека не е соодветно, во овој момент, да ја реализираме оваа долго планирана средба“, се вели во соопштението од Белата Куќа.