24 Април, 2024
0.0267

НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО КАКО ПОРАНО - хотелите без шведска маса, со целосно нов режим

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Хотелиерите веќе ги изготвиле предлозите за тоа како би изгледале протоколите за нивното работење, со цел овие капацитети да можат да почнат да функционираат. Според информациите, овие предлози се слични со оние протоколи кои се усвоени за работење на хотелите во државите од нашето соседство.

Предлозите говорат дека со шведската маса ова лето сигурно ќе треба да се збогуваме во нашите хотели. Тоа го прифаќаат и самите хотелски работници, кои ова го навеле во предлог протоколите. Наместо добро познатите шведски маси, особено во поскапите и попрестижните хотели, каде гостите беа навикнати на богат избор на разновидни јадења со кои можеа да се послужат, сега храната на посетителите ќе им ја дели едно лице што е вработено во хотелот.

Всушност, кога станува збор за рестораните на хотелите, тие ќе бидат организирани само на хотелските тераси, впрочем како што налагаат правилата за рестораните и локалите, кои веќе почнаа со работа.

Исто така, масите ќе бидат на раздалеченост, со тоа што една маса ќе може да биде поставена на 10 метри квадратни, со растојанието меѓу гостите од два метри. Тие, пак, ќе треба да бидат од едно семејство. Персоналот во хотелите, заедно со гостите, ќе мораат да носат маски, а средства за дезинфекција ќе мора да има и при влезот, и на секоја маса на рестораните од хотелите. 

За собите, според предлог протоколот кој доаѓа од угостителите, нема да има промени, бидејќи тие или се класични соби за двајца, или апартмани во кои секако ќе биде сметстено едно семејство.

Но, во секој случај, како што велат хотелиерите за Фактор, ова лето ништо нема да биде исто како и порано.

„Нема да биде воопшто исто како и порано. Ова лето, а можеби и подоцна, ќе мораме да работиме според еден сосема поинаков режим, односно според нови правила на игра, кои ќе важат од влезот во хотелот, па се до послужувањето во рестораните, и воопшто во текот на целиот престој во хотелите. Значи, ништо нема да биде така лабаво и опуштено како и досега, нема да ја има таа атмосфера како што сме навикнале порано“, вели за фактор Пере Кутаноски, управител на хотелот „Гранит“. 

Се уште не се знае кога би се донеле протоколите, со цел хотелите да можат целосно да профункционираат. Всушност, како што сега велат од Владата, хотелите воопошто не ни биле затворени, но не работеа, прво заради тоа што беше забранета работата на рестораните, како и служењето во нивните лобија, а второ од причина што границите се затворени, па немаше ни гости со кои би се исполниле нивните капацитети.

За протоколите за работа на хотелите конечниот збор треба да го каже Комисијата за заразни болести. Тоа вчера го објасни и министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој рече дека за ова прашање се разговарало на последната завчерашната владина седница, но за протоколите прво ќе треба да се изјасни Комисијата.

„Оваа тема вчера беше разговарана на седница на Владата, каде што го задолживме министерот за здравство да се обезбеди предлог од Комисијата за заразни болести за усвојување нови протоколи. Очекуваме најдоцна денеска да имаме такви предлози и секако дека би ги усвоиле како Влада, имајќи предвид дека хотелите и не се затворени со одлука на Владата“, рече Бектеши.

СЕ ОЧЕКУВА ДА ПРЕСЕЧЕ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Хотелиерите за Фактор велат дека, според нивните информации, одлуката на Комисијата треба да се донесе деновиве, или најдоцна до идната недела, а не се знае кога тие би почнале со работа.

„Ние би сакале што побргу да отвориме, но за тоа се потребни и протоколите, но и да се отворат границите. Веќе имаме барање од странски гости, од Холандија, кои веќе би резервирале, но тоа не може да се случи бидејќи нашите граници се уште затворени и не се знае кога ќе се отворат. Инаку, гостите се подготвени да дојдат. Така што, за нашата дејност се уште има многу прашалници“, вели Кутаноски.

Од Комисијата за заразни болести, пак, велат дека овие протоколи уште не се разгледани, а попрецизни информации за работењето на хотелите се очекуваат за утре. 

Од друга страна, дел од хотелските работници нагласуваат и дека Владата мора да разгледа можност за намалување на ДДВ-то, мерка веќе преземена во Бугарија и Грција. Власта засега нема конкретни проценки колкава штета има хотелиерската дејност поради неработењето предизвикано од корона кризата.

А на вчерашната седница Владата усвоила програма за давање државни субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции за оваа година. „Владата, преку Министерството за економија, со цел поддршка на домашните хотели и надминување на ефектите од корона кризата, ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари“, се вели во владиното соопштение. За оваа цел, Министерството за економија ќе објави Јавен повик, на кој право на учество имаат сите заинтересирани правни лица, фондации и здружениjа на граѓани, кои ги исполнуваат условите.

Исто така, Владата донела и Уредба за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со која се овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради рестриктивните мерки, па комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории се намалува од 5 до 15 денари за м2 дневно, на 1 до 15 денари, за периодот додека трае вонредната состојба, а доколку така одлучат општините, можат и да не ја наплатат оваа давачка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска