НИШЛИКА ОТИШЛА НА МАЛТА: Заработувам по 6 српски плати, но за ова не бев подготвена
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2018
На Maлта е лесно да се најде работа, но не можеме да седиме затоа што за тоа не не плаќаат, раскажува девојка од Ниш.
Раскажува дека работат по девет часа или повеќе, а заработуваат по 5 до 8 евра за час.
Вели дека на Малта заработува шест српски плати.
„Преубаво е чувството кога одиш на шопинг и не калкулираш.Твојата работа зависи од квалитетот“, вели таа.
Важни се трудот, и посветеноста на работа.
„Мене Малта ми го даде она што Србија ми го скрати. По 34 години живот, сега живеам со полни гради“, вели таа.
Но, додава дека таму нема кому да се обратите за помош и сте оставени сами на себе.
Додава дека Србија нема податок колку нејзини граѓани има на Малта, и затоа не можат да очекуваат никаква помош од матичната држава, затоа што за неа едноставно таму не постојат.