НИШ, КРАГУЕВАЦ, БЕЛГРАД: Каков стан може да се купи за 100.000 евра?
Објавено во: Економија, Балкан 30 Септември, 2024
Во Србија за 100.000 евра, може да се купи стан од 100 квадрати во градот Ниш, а во центарот на Белград само гарсониера од 18 квадрати.
Само годинава цената на становите, во зависност од локацијата, поскапе за пет до дури 30 отсто, пишува Нова.рс.
Главниот град е традиционално најскап, па затоа нуди најмалку опции за оние со буџет од 100.000 евра. За оваа сума граѓаните во моментов можат да купат, да речеме, стан во Земун. Станот е наместен, 60 квадрати, двособен, регистриран, а пред зградата има и бесплатен паркинг. Доколку сепак сакате да живеете во центар, за 100.000 евра можете да купите наместена гарсониера од 18 метри квадратни во Врачар, поточно во близина на Цветни трг и паркот Мањеж. Станот се наоѓа на најгорниот кат, регистриран е, а проблемот можеби е што климата се користи за греење. Без разлика на тоа, сегашниот сопственик на станот бара повеќе од 5.500 евра за метар квадратен.
Што се однесува до вториот по големина град во Србија, Ниш, за цена од 100.000 евра може да се купи, на пример, полунаместен стан со една и пол спална соба од 45 квадрати во близина на булеварот на ослободувањето, со парно. Исто така, за овие пари може да се купи стан со две и пол спални соби од 55 квадрати во Ново Насеље.
Foto: Shutterstock