25 Април, 2024
0.0263

Нисан ќе лансира автомобил од 3000 долари

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Нисан планира оживување на својот легендарен бренд Датсон познат уште од ерата на Битлси. Но она со што реално сака да ги изненади своите фанови е проектираната цена на автомобилот, посебно наменета за земјите во развој. Јапонската автомобилска компанија планира најевтината верзија на Датсон да чини од 3000 до 5000 долари, што е само една третина од сегашните цени на нисановите автомобили. Засега најевтин е моделот „Tsuru“ кој чини 8000 долари и се продава во Мексико. Главниот извршен директор на Нисан, Карлос Госн се надева дека со новиот Датсон ќе биде заземен важен удел на светскиот автомобилски пазар. Госн тврди дека so новиот концепт на Датсон, компанијата ќе завземе меѓу 1/3 и 1/2 од луѓето кои купуваат автомобил во земјите во развој. Сепак и внатре во компанијата, дел од менаџерите се загрижени дека со новата понуда ќе трпат веќе промовираните производи. Иако Нисан нема објавено колку ќе чини само пробивот на Датсон, се игра со бројка од околу 1 милијарда долари. "Голема грешка е да се мисли дека концептот за создавање и продажба на евтин автомобил за пазарите во развој ќе биде успешна", рече Јокиташи Фуно, извршен потпретседател на Тојота, одговорен за пазарите во развој, чии автомобили  чинат 8000 - 10 000 долари. „Луѓето сакаат автомобил со кој тие и нивните семејства да можат да бидат горди", вели Фуно. Инаку,  марката Датсон беше хит во САД во 80-тите години на минатиот век, а во 1981 година стана втората најпопуларна странска марка со продадени 580 000 автомобилот. Јапонските менаџери сепак тогаш решија да заборават на брендот и да го заменат со Нисан, потег кој предизвика големо конфузија на пазарот и доведе до сериозен пад на продажбата.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди