07 Декември, 2024
0.1303

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со банките е постигнат договор околу висината на каматната стапка по која ќе се пласираат средствата од унгарскиот кредит, во кој, како што нагласи, се вкучиле неколку банки, на таа тема почнаа да се огласуваат и домашните банки.

Прва во јавноста со свој прецизен став излегува Шпаркасе банка, од каде за Фактор децидно нагласуваат дека ќе се вклучат во пласирањето на средствата од унгарскиот заем. 

По одржаните конструктивни состаноци со Владата на Република С. Македонија, сметам дека дојдовме до заеднички став за пласирање на оваа кредитна линија. Во целиот овој процес имаше заинтересираност на Банките за вклучување во оваа активност.

Како значајна системска банка во земјата, Шпаркасе Банка АД Скопје секако дека ќе се вклучи во пласирање на средствата од унгарскиот заем кој Владата го обезбеди за македонските компании.

Подготвени сме да ја пласираме линијата и заедно со нашите клиенти да работиме на нејзино искористување согласно најавените критериуми од страна на Владата. И во минатото сме биле корисници на кредитни линии преку Развојна банка на Република С. Македонија, кои биле наменети за зајакнување на македонската економија и истите успешно се реализирале.

Вклучувањето во пласманот на оваа кредитна линија за нас е можност за градење долгорочно партнерство со нашите клиенти, како и значајна поддршка на инвестициски циклуси кои ќе го стимулираат растот на домашната економија во целина. Сакаме да служиме како пример во банкарската индустрија и пример во бизнис-заедницата со цел да мотивираме вклучување на различни субјекти кои ќе работат заедно со нас во насока на создавање здрав економски амбиент во земјата“, изјави за Фактор Нина Неданоска, Заменик-Претседател на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје.

А, премиерот Мицкоски вчера даде дополнително објаснување за постигнатата согласност со домашните банки. 

Да после оној  договор којшто го имаме со неколку од банките, навистина, јас сум, би рекол задоволен, од одговорноста на поединци и свесноста за тешката состојба во којашто македонската економија се наоѓа во моментот. Ние нашето си го направивме обезбедивме заедно, со дел од банките навистина историски најниска каматна стапка од 1,95 проценти. Под услови до три години грејс период, значи тука ќе се плаќа само каматната стапка и до 15 години рок на отплата, бидејќи има компании коишто сакаат рокот на отплата да биде пократок, да не биде толку долго. Така што оставивме простор и го вметнавме она зборче ‘до’ и мислам дека е тоа добро за економијата, имајќи предвид дека обврска на компаниите и е најмалку дваесетина проценти од проектот од сопствени средства да го финансираат“, рече премиерот.

Според него, станува збор за 300 милиони евра, а кога на тоа ќе се додадат уште половина милијарда, односно 500 милиони евра коишто ги реалоцираат од Буџетот кон општините, како и оние проекти коишто во Министерството за животна средина и Транспорт беа закочени, тоа се 800 милиони. 

„Имајќи предвид дека е проектиран бруто-домашниот производ на 16 милијарди станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства којшто очекувам да бидат инвестирани ова и следната година. Тоа е алатката со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза поради кризата во автомобилската индустрија во Европа, нормално. Од аспект на енергетските ресурси мислам дека тука е оптимална состојбата и дека тука оваа зима ќе ја поминеме без поголеми потреси и би рекол пореметувања на пазарот“, нагласи Мицкоски. 

Значи, како што сумира премиерот, сите компании коишто ќе инвестираат во средства за работа односно основни средства, тие ќе бидат подржани со овој проект. 

„Максималниот износ на проектот ќе биде до 10 милиони евра. Што значи од тие 10 милиони, би требало, 20 проценти минимум да е сопствена  инвестиција што значи дека до 8 милиони евра ќе бидат финансирани од овој проект. Тука се опфатени објекти коишто се од обновливи извори на енергија, онаму каде што ќе се инвестира, таму нели, сите ние сме за онаа зелена  транзиција се боревме што поскоро да ги постигнеме целите имајќи предвид дека планот за раст тоа и го наметнува и сме први во регионот иако како влада последни почнавме во многу работи  и први ќе ја добиеме траншата“, објасни првиот човек на Владата. 

Тука би влегле, како што рече, и оние коишто ќе инвестираат во административни простории за сопствени потреби, но не да инвестираат, па да ги препродаваат, туку за сопствени канцелариски простори во рамки на производниот погон.

„Така што еве уште еднаш ќе ги повикам компаниите да подготват добри издржани проекти, добар бизнис план, и тоа навистина да биде атрактивно, со цел вие да добиете осум милиони по каматна стапка од 1,95 проценти, до 8 милиона зборуваме тоа значи дека годишно ќе треба да плаќате до 160.000 евра камата и три години да ги работите парите. Јас мислам дека имаме многу успешни и вредни би рекол претприемачи, коишто сакаат да се развиваат и ја искористат оваа можност, а тоа ќе значи подобра економија. Подобра економија значи посилна држава, а посилна држава, значи дека и нашиот дом повеќе ќе вреди. Ако државата ни е слаба, осиромашена, понижена, засрамена, тогаш и нашиот дом помалку ќе вреди. Така што се бориме  практично преку ваквите политики акции за нашиот дом и тоа е она коешто го правиме како Влада“, објасни премиерот Мицкоски.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“