20 Април, 2024
0.0263

Нина Ангеловска најави даночен календар

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, најави воведување даночен календар со кој фирмите многу порано, односно шест месеци однапред ќе ги знаат промените во даночната политика.  Станува збор за барањето на Стопанската комора на Македонија ореку претседателот на Комората Бранко Азески и членките.

-Знаете дека доаѓам од приватниот сектор и цврсто верувам дека за да креираме политики за подобра бизнис околина, треба да дискутираме за нив со реалниот сектор. Во таа насока, ќе ги разгледаме сите предлози на бизнис секторот. Еден од предлозите кои Стопанската комора го има и за која можам да кажам дека лично имам воља да се залагаме е воведување на даночниот календар. Тоа значи предвидлива околина за бизнисот, стабилност за да може да знаат да ги планираат однапред своите активности, да не може да се прават нагли промени кои ќе влијаат на планирањето на фирмите за догодина. Тоа значи шест месеци однапред да му дадеме време на бизнис секторот да се подготви за измените и да испланира за следниот период - рече Ангеловска.

Ангеловска истакна и дека посебен фокус ќе се даде  на борбата против сивата економија како што е мерката МојДДВ и дека во моментов заедно со Управата за јавни приходи се работи на нови промени. 

- Фокус ќе биде да се опфатат да се внесат во системот, оние 20-40% субјекти за кои се смета дека се во сива економија. Тоа ќе биде фокус на Министерството за финансии да го адресира преку различни мерки.Сивата економија не е само во пазарот на труд, туку има во електронската трговија, зборуваме за сива економија на нерегистрирана дејност, за еден поширок опфат - рече Ангеловска.

Азески рече дека ќе се зборува и за формирање на фискален совет, како барање кое го има упатено до Владата


Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?