НИКОЛОВСКИ ПОВИКА НА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Oва е тест токму за нашиот систем
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево изјави дека мора да има закон, ред и мерките да важат за сите, а оние кои се неодговорни, да станат одговорни.
Вели дека ни треба функционална држава.
„Oва е тест токму за нашиот систем. Заеднички со здравствените работници, ја водиме оваа борба со невидливот непријател“, изјави тој.
Вели дека следни убав период за нашата земја, а тоа се претпристапните преговори со ЕУ.
„Ни се отвораат врати, што секогаш биле затворени за нас“, рече Николовски.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека теретани и кафеани му се поважни од здравјето на граѓаните.
Дополнителниот министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска за настанот кој се случи на 3 јуни 2020 година на улица „Боемска“, рече дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста, а кривична за која ќе суди судот.