28 Март, 2024
0.0237

Николовски: Лозарите ќе ги добијат своите пари за предаденото грозје во винарските визби „Повардарие“ и „Стефанс винарија“

Објавено во: Агробизнис 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Владата заедно со Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство мора да ја затвори како прашање исплатата на долговите од винарската визба „Повардарие“ и винарницата со германски капитал „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија)  и лозарите мора да ги добијат своите пари, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

При тоа Николовски посочи дека е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), како и со лозарите и градоначалниците на Неготино и Кавадраци, со цел да се најде соодветно решение.

„Се трудиме да правиме притисок и да ги решаваме напластените проблеми каков што првенствено беше со винаријата „Повардарие“ која на лозарите им должеше близу четири милиони евра. Денеска вршевме инспекциски увид и констатиравме дека „Повардарие“ уште исплаќа и оти во овие два месеца се исплатени 200 илијади евра. Останува по долгот за 2015 и 2016 година да се доисплатат уште 500 до 600 илјади евра. Министерството координира да го направиме на некој начин тоа што може да го сториме како држава. Разговараме да ги мотивираме што побрзо да се најде решение за овој проблем зашто лозарите имаат побарувања од околу 30 милиони денари од винаријата Стефани кои мора да бидат исплатени“, изјави министерот Николовски.

Веќе утре како што  што посочи министерот Николовски, е закажан состанок со градончалниците на Кавадарци и Неготино, со пратениците од тој регион и со претставници на лозарите, а пртетходно ќе има и состанок со стечајниот управник на винаријата Стефани и со претставниците на банките.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи