24 Април, 2024
0.0278

НИКОЛА ДИМИТРОВ СО ЈАСНА ПОРАКА: Крајно време е Софија да преземе одговорност и лидерство за регионот

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Иднината на регионот на Западен Балкан е поврзана со Европската унија. И на сите самити досега беше повторувано дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите, бидејќи тоа не е битно само за регионот, туку и за Европската унија.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции на земјава, Никола Димитров, на самитот на Западен Балкан организиран од Економист, денеска кажа дека освен јасната порака од ЕУ дека регионот треба да се интегрира, недостига конкретно дејствување, акција на терен за тоа и конкретно да се случи. 

Тој нагласи дека Србија и Црна Гора веќе имаат отворени поглавја, а одлука дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите е донесена уште во март 2020 година. 

„Се уште не можеме да ги почнеме преговорите, иако се нагласува дека овие две земји ги имаат исполнето условите, односно дека тие се испорачани. Враќањето на вербата на луѓето овде во европската иднина и дека таа е можна, ќе зависи од тоа дали ќе има конкретна акција. Не е фер да се обвини ЕУ за ова, бидејќи таа е компромисна организација од 27 земји членки, недостига уште една. Соседна Софија треба да ја преземе својата обврска. Зборуваме за заедничка историја, но треба да сфатиме дека постои заеднички регион и заедничка иднина на овие држави овде. Време е да се покаже одговорност и лидерство. За доброто на сите Софија треба да ја преземе својата обврска“, рече Димитров.

Тој нагласи дека ЕУ е најголем партнер, и трговски и економски на Западен Балкан. 

„Одливот на мозоци од овие држави е изгубен потенцијал, тоа го кажуваат студии“, нагласи Димитров.

Според него, многу поефикасно и поисплатливо ќе биде доколку Западен Балкан е вклучен, а не е исклучен од ЕУ, односно исклучувањето на државите од тој процес не е најдобро решение. 

„Западен Балкан е опкружен со земји членки на ЕУ. Затоа е подобро ние, наместо да имаме разнобразни политики, заедно да се бориме со криминалот и корупцијата.Во 2015 и 2016 година Западен Балкан одигра значајна улога за ЕУ од безбедносен аспект со спречување на мигрантскиот бран. Затоа е крајно време да се дејствува“, рече Димитров.

Тој нагласи и дека дури и најстрогите земји членки на ЕУ, како што се Холандија, но и Германија и Франција, кои се заложија и изјавија дека време е тоа да се сличи.

„Затоа е крајно време да се преземе лидерство и одговорност“, нагласи Димитров.

Самитот организиран од Економист се одржува денеска во Скопје, а еден од медиумските спонзори на настанот е групацијата Фактор.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП