НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈАДЕ МОРСКИ ПЛОДОВИ ВО ВЛАДА, А БОГАМИ НИ БАДЕМИ НИ ЛЕШНИЦИ - премиерот Ковачевски забранил да се арчат пари на граѓаните
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022
На прашањето зошто имало тендер од 20 илјади евра за риба и морски плодови за Владата, премиерот објасни дека тоа била рамковна набавка, и не само за Владата, туку и за сите ресторани на СОЗР, како и за претседателот на државата.
„Тоа е рамковен договор, каде што ако некој од сите корисници нарача, тој треба да го плати. Но, тоа се пари од граѓаните. Јас одлучив дека ќе има забрана во бифеата за користење на морска храна и на бадеми и лешници, и тие пари ќе бидат насочени за финансиска помош директно за најранливите категории граѓани“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Н.Н.Ф.