19 Април, 2024
0.0510

НИКАДЕ ГО НЕМА ТОА ФИРМИТЕ ДА НЕ СЕ ОБЕШТЕТУВААТ ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА - штедачите од Еуростандард не се откажуваат

Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка бара обештетување и на правните лица по пропаѓањето на банката.

„Македонија е единствената земја во Европа каде правните лица – фирми воопшто не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти во банка не постои никаква осигурителна сума. За разлика од нашата земја која се стреми да биде членка на Европската унија, не постои земја членка во унијата каде правните лица не се заштитени и не се законски обештетени, како и физичките лица. Директивата 2014/49/EU на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година за шемите за гаранција на депозити јасно ги дефинира и правните и физичките лица како депоненти со право за обештетување во случај на стечај на банка. Оваа директива е преточена во законите на сите земји членки на Европската унија, кадешто висината на осигурувањето односно обештетувањето е до 100 илјади евра по депонент, а во некои случаи и повеќе“, пишуваат штедачите во својот допис до јавноста.

Според нив, и кај сите наши соседи односно земјите од Западен Балкан постои обештетување со закон кое важи како за физичките така и за правните лица при стечај на банка. Тоа е така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Само во Македонија правните лица се дискриминирани и лишени од било каква заштита и обештетување.

„Државата ги оштетува фирмите со закон. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени.

Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите. Од една страна, фирмите се законски обврзани да работат преку банки кои официјално имаат дозвола за работа издадена од Народна банка и кои треба да бидат контролирани од истата. Од друга страна, во случај на стечај на банка, како што е сега случајот со Еуростандард банка, тие воопшто не се обештетуваат. Тие се оштетени од Фондот којшто им ги одзема нивните средства и ги оштетува со тоа што се поставува пред нив се додека целосно не се обештети од стечајната маса. Значи, фирмите мораат да работат преку банка со целиот свој капитал, а ако пропадне банка во Македонија сите средства им се заробуваат и немаат никаква гаранција односно обештетување. Каква е таа логика да фирмите доверители вршат обештетување на Фондот во стечајната постапка, а ништо не наплатиле од Фондот односно воопшто не биле обештетени од истиот!? „Фондот за осигурување на депозити” одеднаш во стечајната постапка постанува „Фонд за оштетување на депозити”!“, се вели во соопштението од штедачите.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин