Ничено: Странците ниту со негативен наод за корона нема да влезат во Хрватска
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Мај, 2020
Хрватскaта власт се предомисли, така што нема да прима странци ниту со негативен тест за коронавирусот.
Вчера имаше поинаква информација околу влезот во земјата.
„Странските државјани ниту со негативен наод за коронавирус нема да можат да влезат во Хрватска“, изјави денеска началникот на Управата за Гранична полиција на Хрватска Иван Ничено.
Тој, според сараевскиот портал Кликс, тоа го рекол на денешната видео конфереција со директорите на граничните полиции на земјите од ЕУ, БиХ и Србија.
Вчера беше соопштено дека странците ќе влегуваат во Хрватска, само со негативен тест за Ковид 19, кој не е постар од 24 часа. Властите нагласија дека мораат да бидат внимателни.