НИ МАСКИ НА ОТВОРЕНО, НИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЦР ТЕСТ - еве каква одлука донесе српскиот кризен штаб
Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2020
„Овој пат не усвоивме нови мерки, ниту ги заостривме постојните, туку само инсистираме да се почитуваат постоечките мерки и ригорозно да се спроведуваат сите контроли“, рече имунологот д-р Срѓа Јанковиќ по седницата на Кризниот штаб на Србија, додавајќи дека се работи на правната рамка.
Затоа, не е донесена одлука за задолжителен ПЦР-тест за сите патници кои доаѓаат од странство, ниту пак е донесена мерка за задолжително носење маски на отворено. Ова остана како препорака.
Тој рече дека мерките досега имаат делумна законска рамка, но дека работат на подобрување на казнувањата.
„Загрижени сме, ситуацијата се влошува, но сепак многу зависи од нас“, рече д-р Јанковиќ.
Еден член на Кризниот штаб истакна дека, засега, нема причина училиштата да преминуваат на часови преку интернет. И тој најави дека наскоро ќе се користат нови тестови.
„Воведуваме брзи антигени текстови, ја подобруваме брзата дијагностика на ковид 19“ посочи тој.
Да потсетиме, за 24 часа во Србија вчера беа регистрирани рекордни 512 новозаболени лица, поради што денеска во 9.00 часот се одржа вонредна седница на Кризниот штаб.
фото. курир.рс