20 Април, 2024
0.0272

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Со просечна плата до нов автомобил?

Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Македонските возачи со просечната плата тешко може да си дозволат да купат нов автомобил. Најевтините модели чинат нешто помалку до 10.000 евра и тоа со доста сиромашен пакет дополнителна опрама, без клима и радио. Тоа е вообичаено мал автомобил без многу простор за патници и багаж и со ниска кубикажа. За возило од средна класа треба да се одвојат од 15.000 до 18.000 евра или да се земе кредит чија месечна рата нема да биде под 200 евра, сума која тешко кој може да ја исплаќа со просечна плата.

Токму ова покажува зошто кај нас се најпопуларни половните возила по цена од 3.000 до 5.000 евра, кои најчесто се увезуваат од Германија, Италија, но и од други европски земји. Статистиката покажува дека од странство во нашата земја во последниве неколку години влегуваат и до 30.000 користени возила, додека во исто време се увезуваат едвај 4.000 нови автомобили. Драстичниот пад во продажбата најдобро го илустрира споредбата со рекордната 2008 година кога авто- дилерите истргувале 17.744 нови возила.

Трендот на раст на увоз на половни возила продолжува и годинава. Така од јануари до март годинава се увезени вкупно 6.458 половни автомобили, што е за 1.710 коли повеќе споредено со истиот период лани кога во земјава биле увезени 4.748 вакви автомобили. Речиси незначителен е растот кај увозот на нови автомобили. Во првиот картал се увезени вкупно 1.371 нови автомобли, додека во истиот период лани увозот бил 1.294 нови коли.

Статистиката на Царинската управа пак покажува дека е намален увозот на нови товарни возила, односно од почетокот на годинава биле увезени вкупно 146, додека во истиот период лани биле увезени 178 нови товарни возила. На сметка на тоа за повеќе од 100 е зголемен увозот на употребувани товарни возила. Од јануари до март се увезени вкупно 588 стари товарни возила, додека во истиот период лани увозот бил 478 возила.

Од почетокот на годината е увезен само еден нов автобус, додека лани во истиот период не бил увезен ниту еден, а драстичен раст има кај увозот на употребувани автобуси. Од почетокот на годината се увезени вкупно 58 половни автобуси, додека истиот период лани 36.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!