29 Март, 2024
0.0260

НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Девојка ослабела 220 килограми, нејзиниот изглед шокираше, сега е како друга личност

Објавено во: Стил 28 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Британката Амбер Ружди имала само 24 години, кога веќе тежела неверојатни 300 килограми поради несигурност и секојдневно разочарување од животот.

Амбер не можела да стане без помош од софата, а најголем проблем и било туширање и излегување надвор. Затоа, таа престанала да излегува, па нејзината сестра и купувала храна и пијалоци. Многу храна и пијалок.

И тогаш настанала пресвртница. Тоа не се случило преку ноќ, туку по недели и недели состаноци со терапевтот, како и разговори со роднини.

Таа се пријавила за ТВ-емисијата „Мој дебел живот“ каде што решила да направи трансформација на животот пред камерата. Таа прво прифатила хируршки да го намали стомакот, а потоа започна да оди и да вежба. На почетокот, 15 минути, потоа 30, а потоа 60 минути.

Правилната исхрана, теретана и терапевт направија чуда. Шест месеци по операцијата, Ембер беше полесна за повеќе од 40 килограми, а после тоа губеше сe повеќе килограми од месец во месец.

Една година по операцијата на стомакот, благодарение на нејзината челична волја, Амбер тежеше само 130 килограми. Деновиве, на вага беше забележана бројка од само 80 килограми, што е феноменален успех за лице кое размислуваше за самоубиство во текот на 2018 и 2019 година.

„Не гледав излез. Почна спонтано, со некои разочарувања кај луѓето. Тогаш прерасна во опсесија со храна. Кога дојдов до 300 килограми, бев во пресвртна точка. Или ќе се убијам, или ќе ослабам. Немаше трета опција. Тогаш решив да го изберам животот. Само, променет живот. Денес сум многу среќна личност. Иако сè уште не сум ги достигнала предвидените 60 килограми, мислам дека сум близу. Повторно излегувам, се дружам, одам на колеџ и имам партнер. Сакам само едно од животот - никогаш да не се вратам на стариот начин“, вели Ембер.

Извор и фото: Еспресо.рс