20 Април, 2024
0.0263

Нешков до Борисов: Зошто е оваа омраза кон „неосвестените" Македонци?

Објавено во: Македонија, Балкан 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Сопственикот на бугарската новинска агенција БГНЕС, Љупчо Нешков со отворено писмо го прозва бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Вели дека тоа што молчи за провоактивните изјави кон Македонија го урива неговиот авторитет. 

„Господине Борисов, тишината ви го урива авторитетот во Бугарија. Господине премиер, во изминатите три дена вашиот заменик систематски го урива сето добро што бугарската држава го создаде во последните 18 месеци во односите со Република Македонија“, пишува во отвореното писмо до Бојко Борисов, бугарскиот премиер, Љупчо Нешков, сопственик на бугарската агенција БГНЕС.

Наведува дека за првпат од 1945 година наваму, во Република Македонија еден бугарски политичар, односно Борисов, бил  повеќе почитуван дури и од локалните лидери. 

„Ова е сосема заслужено благодарение на вашата реакција за Никола Груевски, кога во далечната 2015 година изјавивте дека „не сакате дури ни да го гледате". Лично јас не сум изненаден од однесувањето на вашиот заменик. Но, Вие како премиер, поради однесувањето на Красимир Каракачанов, должен сте да одговорите на следниве прашања: Зошто е оваа омраза кон „неосвестените" Македонци?... Зошто по 1990 година сегашниот лидер на ВМРО активно учествува во уништувањето на македонските братства и ги злоупотребува нивните имоти? Зошто српски дипломати во центарот на Софија се фалат дека имаат точни информации за бројот на бугарските граѓани во Македонија од властите во Скопје? Г-дине Борисов, воспитан сум да ја сакам Бугарија и Македонија. И тоа не е селективно, во зависност од тоа кој е на власт. Од 1995 година сум државјанин на Бугарија, откако претходно со целото семејство бевме под закрилата на ОН. И јас сум „свесен" без да плаќам за тоа. Очигледно, денес свесни се само оние кои имаат полни сефови во центарот на главниот град. Бугарија ја спаси Македонија во три наврати. Во 1992 година, при прогласувањето на нејзината независност, за време на грчкото ембарго и за време на суровото надворешно мешање во случувањата во македонскиот парламент на 27 април минатата година. Сетете се на ноќта на 27 април - тоа беше врв на вистинската грижа за Македонија. Тишината никогаш не била злато во одлучувачки историски моменти. Бугарско-македонските односи имаат јасна перспектива. Не ги уривајте веќе трасираните патишта на кои сите во Европа им се восхитуваат“, му пишува Нешков, на Борисов. 

Претходно вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кажа дека народот во Македонија мора да го смени менталитетот ако сака да влезе во НАТО. Каракачанов вели дека нема да дозволи компромис за историјата. 

Тој го оспори македонскиот јазик, а и европратеникот Андреј Ковачев рече дека Цар Самоил и Глигор Прличев се Бугари. 

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите