НЕПОЗНАТИОТ СИНДРОМ КАЈ ДЕЦАТА УСМРТИ 9-ГОДИШНО ДЕТЕ: Воспаление на белите дробови што се поврзува со Ковид-19
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Мај, 2020
Светската здравствена
организација побара веднаш и многу внимателно да е испита необјанснетот
синдром кои ги напаѓа децата од кој
добиваат тешко воспаление на белите дробови.
-Итно и многу внимателно треба да го испитаме необјаснетиот синдром на воспаленија што моменлно ги напаѓа децата, нагласи директорот на СЗО, Тедрос Аданом.
Аданом апелираше до лекарите во светот да имаат силна соработка со своите здравствени власти, но и со Светската здравствена организација и да ги направат сите напори за да се испита овој за сега нов и недоволно познат синдром што е закана за најмладите.
Апелот доаѓа откако вчера од силно воспаление на белите дробови, почина 9-годишно дете во Франција во болницата „Тимон Марсеј“. Досега има повеќе од стодина деца кои се на удар на новиот синдром, кој прво се појави во Велика Британија.