Непознати лица во кругот на Собранието го изгребале автомобилот на Александрова
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2020
Во кругот на Собранието, попладнево непознати лица го оштетиле автомобилот на пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО- ДПМНЕ.
Инцидентот се случил додека таа чекала да почне седницата за Законот за ЈО. Пратеничката повикала полиција откако видела дека автомобилот е изгребан од двете страни.