29 Март, 2024
0.0437

Епидемиологот Оровчанец за Фактор: Не требаа големи рестрикции на почетокот, епидемијата летоска ќе исчезне

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Требаше да работиме со стратегија на стекнување јак колективен имунитет уште на почетокот, затоа што е јасно дека колку повеќе луѓе заболат толку побрзо епидемијата ќе исчезне, вели за Фактор епидимиологот проф д-р. Никола Оровчанец, пензиониран професор на Медицински факултет. Оровчанец смета дека моментално во прилог ни оди топлото време и УВ-зрачењето кое ќе го неутрилизира вирусот.

„Јас сум за јак „колективен имунитет”! Познато е дека со пасажирањето низ човекот вирусот се менува, човечкиот организам не е подобен за развој на вирусот, во него тој слабее. Затоа и се вели, колку повеќе луѓе заболат толку побрзо ќе заврши епидемијата, вели професорот.

Тој вели дека министерот за здравство успешно ги координира активностите околу епидемијата.

„Сметам дека требаше да се постави натпартиски да ги собере и активира сите стручни лица со искуство во практиката во Македонија, затоа што во прашање е здравјето на популацијата во државата! Испуштена е шанса за паралелна едукација на населението за тоа што е здравје, како се одржува и како се зголемува отпорноста кај луѓето! Очигледно не е доволно укажувањето „носете маска, одржувајте дистанца, мијте ги рацете, вели Оровчанец.

Според него и покрај растот на бројот на новозаболени, коронавирусот во моментов слабее.

„Топлото време и УВ-зрачењето ќе  го неутрализира, бидејќи генерално сите вируси се термолабилни и не се толку активни кога има сонце.Вирусот веќе ја нема моќта од почетокот, но ќе има уште џебови, особено кога ќе наиде на компромитирана личност, но епидемијата  во текот на летото ќе заврши. Што се однесува за вакцината, треба да се почека, бидејќи тешко е да се направи во моментов оти има повеќе поттипови од вирусот кои циркулираат. За да има добри резултати од вакцината експертите треба да се договорат кои од тие видови најмногу се појавуваат или се најопасни во циркулација. Познато е дека за да се направи класична вакцина потребно е 1,5 – 2 години, вели Оровчанец.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење