19 Јануари, 2025
0.0251

Неосигурани автомобили на улиците и покрај тоа што Македонците плаќаат најевтино осигурување во регионот

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Поседувањето на полиса за осигурување на возилото е законска одредба која е задолжителна за секого. Но, и покрај тоа, во секојдневниот сообраќај во нашата земја учествуваат 50.000 возила кои ниту се регистрирани, ниту пак осигурани со соодветно осигурување – ниту задолжително, ниту доброволно.

Осигурувањето на автомобилот кој го возите, доколку е регистиран на ваше име, е задолжителна ставка за да можете да бидете регуларен учесник во сообраќајот. Како авто-осигурувањето го заштитува вашето возило, но и вашите финансии?

Поседувањето на задолжителна полиса за осигурување, популарно наречена „авто-одговорност“ е должност на секој учесник во сообраќајот со моторно возило. Тоа ја гарантира сигурноста, особено финансиската, во случаи на непредвидена штета, причинета од возачот, другите учесници во сообраќајот, временски услови и останати непредвидени ситуации.

„Живеам во голем град, каде што непредвидливиот сообраќај е се’ освен пријател на вашето возило. Јас се обидувам да возам внимателно, но постојано се соочувам со ситуации каде што некој ќе ми го изгребе возилото пробувајќи да излезе од паркинг или пак некој залетан возач удира во мојот автомобил бидејќи не закочил навреме пред црвеното светло на семафорот... Колку и да се ситни, овие работи се иритантни и ако го немав осигурано автомобилот, којзнае колку ќе ме чинеа поправките, но и нервозата потоа...“, вели Дамјан, активен возач и корисник на полиса за авто-осигурување.

Постојаната грижа и стрес кои доаѓаат со целодневното мислење дали автомобилот ви е добро паркиран, дали некој на паркингот би можел да го оштети или пак да му се случи нешто непредвидено, земаат голем данок и често не дозволуваат да имате мирен ум. Авто-одговорноста значи дека ги елиминирате овие грижи, затоа што знаете деканавремено сте инвестирале во нешто што ќе ви заштеди пари, но и непроспиени часови.

„Полисата за осигурување на возилото ми ги намали трошоците за поправка многупати досега, а со дополнителното КАСКО осигурување се чувствувам поудобно кога и да седнам зад волан, знаејќи дека сум одговорен не само за себе, туку и за другите учесници во сообраќајот. Без сомнеж, законската обврска треба да се почитува и секој автомобил кој е во користење треба да е осигуран. Нешто што чини толку малку дава толку голема вредност, што едноставно нема причина зошто да не го осигурате автомобилот“, додава Дамјан.

Иако полисата за авто-осигурувањето претставува прифатлива ставка, наодите покажуваат дека тоа е најисплатливиот и најефективен начин да се заштити возилото и финансиите на сопственикот на истото. Згора на тоа, Македонците плаќаат и најмали цени за авто-осигурување во регионот, што дополнително ја докажува погодноста и едноставните услови за осигурување на возилото.

Премијата за осигурување од автомобилска одговорност е непроменета од 2008 година, или цели 15 години, период  во кој општиот пораст на цените изнесува 61.5%.  При општ пораст на цените во земјава, вклучително на сите фактори кои влијаат на премиите за авто осигурување, само премиите за авто одговорност се замрзнати, што ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент.

Заштитата на она што е ваше секогаш треба да има приоритетно место на листата на вредности, поради тоа што покажува дека сте спремни да инвестирате во вашите одлуки, желби и планови. Регистрирајте го вашето возило и активирајте авто-одговорност за да се чувствувате безгрижно и безбедно секогаш кога сте зад воланот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ