НЕОБИЧНИ ТРАДИЦИИ: Еве што прават Чилеанците, Шпанците, Германците за Нова година
Објавено во: Свет 31 Декември, 2019
За Новата година има различни верувања и обичаи насекаде низ светот.
Холанѓаните за Нова година јадат крофни, бидејќи веруваат дека тие им носат среќа.
Во Чиле, на полноќ се јаде леќа, и се верува дека таа носи многу работа и пари.
Ако се одлучите за славење на Нова година во Германија, очекувајте гласен огномет вреден неколку милиони евра. Традицијата се состои во тоа што за новогодишната вечер треба да се направи толку силна врева, со која се верува дека ќе се растераат сите лоши духови.
Во Грција традиционално се сече колач во кој се наоѓа скриена паричка за која се верува дека му носи среќа на оној кој ќе ја пронајде.
Во Шпанија, луѓето на полноќ јадат 12 зрна грозје, по едно за среќа во секој месец од годината.
На Сицилија се верува дека несреќата ќе ги следи сите оние кои на Нова година јадат макарони или било какви тестенини што не се лазањи.