10 Август, 2020
0.0330

НЕМИРИ И БЕЗРЕДИЈА ВО БЕЛГРАД: Утринава мирно, полицијата доцна синоќа воспостави контрола

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2020

Утринава во Белград е мирно, откако доцна синоќа полицијата успеа да воспостави контрола врз неколкуте илјади демонстранти пред српскиот Парламент.

Тие вчера се собраа и жестоко го изразија револтот поради тоа што српската влада одлучи да воведе новите рестриктивни мерки за заштита од корона вирусот. Протестите започнаа веднаш откако претседателот Александар Вучиќ најави враќање на полицискиот час во Белград.

Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите неколку полицајци се повредени, а беа запалени и полициски возила. Во насилните протести имаше повредени на новинарски екипи кои ги следеа случувањата на лице место.

Српските медиуми досега информираа дека биле запалени и три полициски возила, по што безбедносните служби на терен интервенираа со оклопни возила, полициски кучиња и коњи.

Премиерката Ана Брнабиќ, уште синоќа изјави дека ќе направат се за да го заштитат правниот поредок. Таа остро го осуди, како што рече, „вандализмот на политичарите кои се одговорни за упадот во српскиот Парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со вирусот ковид-19“.



Можеби ќе ве интересира

На 53 години, најпознатиот албански скулптор ја загуби битката со короната, Рама со трогателни зборови

На 53 години, најпознатиот албански скулптор ја загуби битката со короната, Рама со трогателни зборови

(ВИДЕО) ВОЗАЧОТ ПРЕЖИВЕАЛ - мал авион се сруши во Грција

(ВИДЕО) ВОЗАЧОТ ПРЕЖИВЕАЛ - мал авион се сруши во Грција

ХРВАТСКИ ПЛАЖИ И ЛОКАЛИ КОИ ПОРАНО БЕА ИЗГОР - решија значајно да ги намалат цените

ХРВАТСКИ ПЛАЖИ И ЛОКАЛИ КОИ ПОРАНО БЕА ИЗГОР - решија значајно да ги намалат цените

ЗА СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА РАЗМИСЛУВА И СРБИЈА: Одлуката се чека в понеделник, но се снимаат и часови за евентуална онлајн настава

ЗА СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА РАЗМИСЛУВА И СРБИЈА: Одлуката се чека в понеделник, но се снимаат и часови за евентуална онлајн настава

ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - Во Словенија откриена плантажа со марихуана

ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - Во Словенија откриена плантажа со марихуана

СТРАВИЧНА СЦЕНА НА ТРЕНИНГ - Прва информација од што починал младиот кошаркар Оџо

СТРАВИЧНА СЦЕНА НА ТРЕНИНГ - Прва информација од што починал младиот кошаркар Оџо

(ВИДЕО) ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ - паднала карпа на пругата

(ВИДЕО) ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ - паднала карпа на пругата

ГРЦИЈА ВОВЕДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ: Нема влегување на Eвзони од 23 до 7 часот

ГРЦИЈА ВОВЕДЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ: Нема влегување на Eвзони од 23 до 7 часот

ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО НЕ ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА СПИСОКОТ: Листата ја прошири уште за 10 земји

ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО НЕ ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА СПИСОКОТ: Листата ја прошири уште за 10 земји