НЕМАШЕ КАРАНТИН: Швеѓаните го победија коронавирусот?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Септември, 2020
Oд Данска има оптимистични вести дека Шведска го победи коронавирусот.
Дански епидемиолози тврдат дека Швеѓаните се на пат да ја победат заразата со коронавирус, благодарение на создавањето на т.н. имунитет на стадо.
Цената беше големиот број заразени и смртни случаи.
Епидемиолог Ким Снепен изјави дека Шведска е на работ да ја запре епидемијата, затоа што постигнала доволно ниво на имунитет.
– Постојат индиции дека Швеѓаните се здобиле со ниво на имунитет на болеста, што заедно со епидемиолошките мерки што се применуваат таму, се доволни за да се спречи нејзиното ширење – изјавил професорот од Институтот „Нилс Бор“ во Копенхаген за весникот „Политикен“.
Во Шведска од почетокот на епидемијата до сега починаа околу 5.900 луѓе, а во Данска само 635.
Шведска има 23 нови случаи на 1 милион популација, што е импресивен резултат во споредба со Данска, каде има 61 нов случај 1 милион луѓе популација.
Светот се подготвува за втор бран.
Но, во Иран веќе имаат трет бран на заразени.
Професорот Хендрик Штрек од Германија, ги побива сите теории на заговор поврзани со коронавирусот.
Штрек, кој работи и како директор во Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, смета дека тезите дека коронавирусот не е опасен се погрешни.
Тој ги побива сите теории што се шират од одредени заговорници, дека фармацевтската индустрија, преку коронавирусот, сака да заработи повеќе пари.