25 Април, 2024
0.0399

Нема визи за САД, студентите не знаат што со договорите за работа кои ги потпишале

Објавено во: Македонија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Комплетно е замрзнат процесот на регрутација на нови студенти за летна работа во Америка, сезонска работа во Германија и работа на брод. Од агенциите кои посредуваат велат дека сега не може ни да се предвиди кога процесот ќе биде одблокиран со што се очекува големо негативно влијание за нивната работа. Сепак оваа ситуација ќе значи и многу за студентите кои со години назад имаа шанса да добијат практика надвор од земјава. „Коузон“ е една од Work and Travel агенциите, кои им посредуваа на студентите, а директорот Зоран Кочоски за Фактор вели дека во наредните три месеци нема изгледи за позитивен развој, ниту пак очекува бум потоа.

Процесот на регрутација на нови кандидати е замрзнат, а за во Америка во моментот, се уште не се знае кога ќе почне сезоната, дали ќе им требаат сите студенти, дали ќе ги имаат работните часови кои им се гарантирани со работните договори кои се веќе потпишани.
 „Таа програма беше во завршна фаза, кога настана забраната за патување во Америка и забраната за регрутација на програмата до 11 мај.  Буквално се е запрено, вели Кочоски.“

Додава дека од страна на студентите веќе делумно има откажување, но, тие откажувања се во моментов во многу мал број, од 2 до 3 проценти. 

Дали во периодот кој што следи ќе има повеќе откажувања зависи од она што ќе се случува во Македонија, затоа што нашиот индиректен проблем, покрај директниот проблем – коронавирусот, е тоа што Универзитетите во моментов не работат, не знаеме каква ќе биде одлуката на сите Универзитети во Македонија и индивидуалните факултети, до кога ќе ја продолжат студентската година, дали испитите ќе се полагаат од почеток на јуни или ќе се полагаат втора половина на јуни до почеток на јули, вели тој.

Потенцира дека тоа значајно би го нарушило концептот на програмата Work and Travel, затоа што програмата нема за цел да ги извлече студентите пред испитната сесија и да не ги положат испитите за да заминат за Америка, а да ја ризикуваат годината на студии.
Неизвесноста трае – вели тој, но се надеваат дека во периодот кој доаѓа, некаде до средина на месец април, многу работи ќе бидат појасни, сепак прерано е да се констатира – додава Кочоски.



Американската амбасада соопшти дека почнувајќи од 20ти март, се откажуваат сите термини за визи

Амбасадата, овие термини ги укина заради две причини, прво одлуката која произлезе од мерките за ограничување на собири и држење дистанца, бидејќи како што вели Зоран Кочоски, кога праќаат студенти во Амбасада за визи, праќаат по 100/150 студенти во ден и одтаму нема како да ги распределат тие студенти да не стојат едни до други, да не се социјализираат, сепак е сложен процес. 

И втората причина е одлуката на Америчката влада да ја замрзне програмата до 11 – ти мај, односно оние студенти кои требало да заминат на почеток на мај нема да можат се до почеток на јуни.

Директорот на „Коузон“ вели дека покрај тоа што е замрзента W&T програмата исто се случува и со програмата за Германија, во контекст со грманските работодавци, вели, тие ги очекуваат студентите но не на почеток на јуни, најавите од германските работодавци се дека студентите би им требале втора половина на јуни.
Ако се се одвива  според сегашниот план, првиот апдејт и за двете програми ќе биде на почетокот на месец мај – додава Кочоски.

Агенциите кои посредуваат летни програми – не се на листата за поволни услови како туристичките агенции
 
„Како за сите така и за нас, ако државата се понуди да и за нашите програми се овозможат услови како што беа најавени за туристичките агенции, да издаваме ваучери со покритие на средствата кои се инвестирани во програмата тоа нас би ни помогнало многу.
Сепак студентите би имале право да одат и наредната година, не би изгубиле ништо, а ние би биле во позиција да го обезбедиме понатамошното работење на сите наши вработени, сепак во „Коузон“ работат 23 лица.“

Студентите не знаат што да очекуваат

Кочовски вели дека моментално работат од дома, а студенти и млади кои аплицирале за програми кај нив, постојано им се јавуваат по телефон, да се распрашат како ќе биде, што ќе биде.

Еден од студентите кој има аплицирано за работа во Америка летово е и Антонио Ташковски од Гази Баба –студент на Факултет за Драмски уметности. Тој вели дека се јавил во агенцијата кадешто аплицирал и од нив добил одговор дека програмата се уште не е откажана, но многу е веројатно дека нема да се оствари, иако спонзорот им дал до знаење дека има надеж.
„Скоро и не е возможно да се оствари програмата оваа година, иако од агенцијата велат дека за две недели ќе се знае дали ќе ни ги вратат парите или програмата сепак ќе се одржи, вели Антонио.

Љубица Иванова

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот