НЕМА ВЕЌЕ ЗЕМАЈ ПЛАТА, КЛАТИ ВРАТА - Заев ветува дека ќе ја среди администрацијата
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020
Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека ако ја добијат довербата на следните избори, ќе ја намалат администрацијата за 20 отсто.
„Никој нема да изгуби работно мсто, туку то ќе се случува со преземање во приватниот сектор. Тој има потреба од квалификувана работна сила, а државата тоа ќе го мотивира“, рече Зав.
Рече дека со средно школо плата во јавната администрација е 17 илјади денари.
„Ќе мора да се стегне, нема да има веќе клати врата, земај плата. Тоа заври веќе. Имам 4 години мандат, и ќе стојам зад тој збор. Доволно се два мандати, затоа во последниот мандат ќе покажам храброст и мудрост“ рече Заев.
Ќе се укинат сите 7 министри без ресор, најави лидерот на СДСМ.