29 Март, 2024
0.0251

НЕМА ВЕЌЕ МОНОПОЛ НА ПОШТЕНСКИОТ ПАЗАР - има интерес за нови лиценци

Објавено во: Економија 11 Април, 2021

Добивај вести на Viber

На поштенскиот пазар во државава повеќе нема монопол. По осум години од почетокот на активностите и неколку одложувања, од почетокот на годинава настапи целосна либерализација. Престанаа да постојат ценовните монополи за поштенските услуги за пратките за коресподенција и пратките со директна пошта, со маса до 50 грама, односно резервираните услуги кои беа загарантирани со Законот за поштенските услуги.

Целосната либерализација на поштенскиот пазар значи дека АД Пошта на Северна Македонија Скопје нема повеќе ексклузивно право, ниту ценовен монопол за овие услуги, а приватните поштенски оператори  можат слободно, по пазарни услови да ги формираат цените за нивните поштенски услуги за писма со маса до 50 грама.

АД Пошта на Северна Македонија со лиценца од највисок ранг – Индивидуална дозвола, и натаму е давател на универзална услуга, со обврска да го извршува сетот на основни поштенски услуги, преку сопствената мрежа, низ целата територија на државата и во меѓународниот сообраќај по цени регулирани од Агенцијата за пошти.

Од Агенцијата за пошти за МИА објаснуваат дека гледано од страна на корисниците, либерализацијата во поштенскиот сектор значи можност и право за избор на поштенски услуги и на давател на поштенски услуги, вклучително и на услугите за писмата до 50 грама, секој според своите потреби и според други критериуми (достапност, квалитет, флексибилност), а не само според цената.

„Очекувањата се дека со либерализацијата ќе се зголеми квалитетот на поштенските услуги, пораст на пазарната конкуренцијата, подигнување на задоволството на корисниците од поштенските услуги, се очекува и преструктуирање на приходното портфолио од приходи кои во целост зависат од традиционалните поштенски услуги, кон приходи кои се остваруваат од современите и модернизирани поштенски услуги кои вклучуваат достава на пратки кои се предмет на онлајн трговија, дигитализација и модернизација на интерните технолошки и оперативни процеси во Пошта на Северна Македонија, при што изминатиов период може да се забележат промени во нивното работење кои се базираат на нудење на современи дигитални услуги како и дигитализација на севкупниот процес на достава на пратки и писма“, изјави за МИА Билјана Аврамовска“, директорка на Агенцијата за пошти.

Како што укажува таа, со оглед дека се зголемува интересот за работа во поштенскиот сектор искажан преку поднесување на девет нотификации за добивање на општи овластувања од почетокот на  годинава, се очекува подинамичен пазар во наредниот период.

„Укинувањето на монополот ја отвора можноста за работа во овој сектор со поширока палета на услуги на понуда, па следствено на тоа ќе има одредени поместувања и на пазарот. Со повеќе даватели на поштенски услуги се подразбира и одредена дисперзија на услуги согласно понудата на квалитетот, цената и потребите на корисниците. Онлајн понудата и побарувачката свое влијание има на зголемување на пакетските услуги, па од таму се гледа и поголемиот интерес за работа во овој сектор, посебно во делот на пакетските и логистичките услуги, но секако дека и отворањето на услугите до 50 грама поттикнува голем интерес кај давателите на поштенските услуги со оглед дека овој момент се очекува уште од 2012 година“, вели Аврамовска.

Регистарот на лиценци на поштенскиот пазар покажува дека во државава работат вкупно 43 оператори, од кои 42 се со лиценца со општо овластување.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи