24 Април, 2024
0.0485

Нема угостителски услуги во обложувалници по 23 часот

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот. Од Асоцијацијата на спортски обложувалници велат дека тоа произлегува со новите мерки за заштита од Ковид-19. 

„Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако со одлука на Владата, спортските обложувалници од 13 мај повторно ги отворија своите уплатно-исплатни места, работиме во целост согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и ниту еден наш објект не е затворен заради Ковид-19. Продолжуваме доследно да се придржуваме до протоколите, грижата за нашите вработени и играчи и заштитата на колективното здравје остануваат наш највисок приоритет, стои во соопштението. 

Од АСОМ апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита. Велат дека според проколот за работа,  во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.

Потсетуваат дека спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Велат дека и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.


Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата