24 Април, 2024
0.0422

НЕМА СПАС ОД КАМАТИТЕ И ДОЛГОВИТЕ - СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира законот

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Владејачката СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека намерно го блокира носењето на законот со кој треба да се отпишат каматите и да се репрограмираат долговите на граѓаните. 

Пратеникот од СДСМ Костадин Ацевски денеска на прес конференција рече дека опозицијата и натаму со своите штетни политики им нанесува директна штета на граѓаните и на нивната благосостојба.

„Веќе една недела ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови на физички лица. Пратениците од оваа партија очигледно се против отписот на каматите и долговите што граѓаните ги имаат. Христијан Мицкоски и неговите пратеници блокираат закон кој ќе значи конечно решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети, трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со декември 2017 година“, рече Ацевски.

Според него, наместо граѓаните да се одлободат од нивните долгови, поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ, тие и понатаму ќе стравуваат како да се справат со каматите и долговите.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со политиката на блокада и кочење на се што е добро за граѓаните, постои опасност ова законско решение да не биде усвоено, бидејќи има уште десетина дена до распуштањето на Собранието“, предупреди Ацевски. 

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ прави се, како што рече, за да ги блокира и законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за јавни претпријатија, законот за легализација на бесправно изградени објекти, законот за Академија за судии и јавни обвинители, законот за поништување на лустрацијата…

Инаку, власта сакаше овој закон да биде изгласан најдоцна до 12 февруари, кофа се распишта парламентот, бидејќи тоа нема да може потоа да се стори се до завршувањето на изборите.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката