19 Април, 2024
0.0256

Нема смртен случај во последните пет години: Во тимот на најпознатиот детски неврохирург има и гостиварчанец

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Тој е еден од најпризнаените детски неврохирурзи во светот - има работен стаж од 25 години, а во последните неколку, стапката на смртност на децата по интервенциите е нула. Д-р Мемет Озек, во истанбулската болница „Аџибадем Алтунизаде“ врши од 600 до 700 операции годишно, а искуството го сподели пред македонски новинари. Оваа болница е една од најголемите и најпознати клиники, а тимот на доктор озек врши операции кај деца од сиот свет. Има такви и од Макеоднија, но за жал и покрај можноста ниту еден доктор од овде не се пријавил кај него да супспецијализира педијатриска неврохирургија. За споредба, секоја година по неколкумина доктори од сиот свет се усовршуваат таму, имало доктори и од Србија. 

Озек вели дека во последниот период има зголемен број на деца кои се оперирани, но дека тоа се должи и на современата дијагностика. Кај него најчесто доаѓаат деца  со тумори длабоко во мозокот, деца со спастицитет, со церебрална парализа, деца со вродени оштетувања на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок и деца со епилепсија. Најдобро е интервенцијата да се изврши што побрзо, најдобро веднаш по раѓањето.


„Голем дел од пациентите коишто доаѓаат кај нас имаат тумори во мозокот, деца со спастицитет, голем број од нив се деца со дијагноза церебрална парализа. За да работите со овие пациенти мора да имате екипа. Мора да се работи со екипа во која има ортопед, невролог, неврохирург и доктор за анализа на движење, во екипата  мора да има физиотерапевт, работиме со мултидисциплинарна екипа“, вели неврохирургот Озек. 

Озек сепак во својот тим има доктор кој е Македонец. Енис Шабан по потекло е од Гостивар но повеќе од десет години работи и живее во Истанбул. Вели дека е среќен што има работи во една од најуспешните болници и дека во последниот период поради развојот на технологијата, се повеќе деца кај кои е оценето дека може да имаат напредок или подобрување се оперираат со голема успешност во тој оддел. 


„Познавам многу колеги од Македонија кои кога би дошле би добиле многу искуство за нешто да се направи во Македонија.  Јас сакам да дојдат овде бидејќи се од мојата земја, а и професорот има посебен однос оти една половина од неговата фамилија е од Призрен. Тој многу цени да работи со луѓе кои доаѓаат од Балканот, вели Шабан. 

Тимот на Озек во кој е и доктор Шабан ги прави операциите со врвна опрема, со најмодерна технологија. Операциите кои ги вршат се покриваат приватно, доколку државниот фонд од земјата од каде доажа пациентот не ги покрива трошоците, каков што е случајот со Македонија. цената на интервенциите е од 5 до 40 илјади долари, во зависност од дијагнозата.  За тумор, цената на операцијата е од 25 до 40 илјади долари“, вели Озек. 


„Аџибадем Алтунизаде“ е врвна болница по многу параметри. 


Дел од услугите во болницата се роботизирани, па така низ болницата кружат роботи од италијанско производство кои разнесуваат лекови, храна, материјали за стерлизиација.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?