НЕМА ШЕТАЊЕ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ, НИТУ АЛКОХОЛ НА ЈАВНО МЕСТО: Сплит воведе високи казни - еве колку ќе платите ако ве „фатат“
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2023
На почетокот на годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред со која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку се „фатени“ по комунален ред, ќе им следува казна од 150 евра.
Истата казна е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице, пренесува Хина.
Сплитчани и нивните гости по улиците ќе ги надгледува 21 комунален чувар, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите голи туристи платија казни од 1.000 куни на комуналните редари.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила на почетокот на оваа година.
Фото: Принтскрин/Твитер