НЕМА ПАТУВАЊЕ ВО МЕКА И МЕДИНА: Саудиска Арабија презема мерки поради коронавирусот
Објавено во: Свет 27 Февруари, 2020
Поради коронавирусот, Саудиска Арабија воведе вонредна мерка со што се предвидува забрана за патување во светиот град Мека и Ќаба.
На странците им се забранува посета на најсветите места во исламот. Ова важи и за патувања до џамијата на пророкот Муџамед во Медина.
Властите го забранија влегувањето во кралството за сите со туристички визи од нациите зафатени од новиот вирус .Во Саудиска Арабија нема потврдени случаи на коронавирус.
Центарот на епидемијата во најпогодената земја на Блискиот Исток, Иран, се чини дека е во светиот шиитски град Ком. Иран сега има најголем број починати од вирусот надвор од Кина.Иран го забрани влезот во земјата за кинеските државјани во екот на ширењето на новиот коронавирус во Исламската Република, каде до сега умреа 26 луѓе.
И во Македонија се појави коронавирусот.