Нема минимална плата од 14.934 денари во наредните три месеци
Објавено во: Економија 03 Април, 2020
Минималната плата за месец април, мај и јуни нема да изнесува 14.934 денари како што беше предвидено, туку останува да важи тековниот минималец од 14.500 денари откако на сила стапи вонредната владина уредба.
Законот за минимална плата се менува со уредбата за висината на минималната нето плата за април, мај и јуни, така што за овие овие три месеци висината на минималната нето плата изнесува 14.500 денари.
На 12 март Сојузот на синдикати објави дека според членот 4, став (2) од Законот за минимална плата, висината на минималната плата во бруто износ започнувајќи од април 2020 година изнесува 21.776 денари, односно минималната плата во нето износ ќе изнесува 14.934,00 денари што претставува зголемување за 435 денари на износот на минималната плата која моментало изнесува 14.500,00 денари.