20 Април, 2024
0.0290

НЕМА ИЗБОР НА ВАКЦИНИ: Во Македонија граѓаните ќе се вакцинираат само со вакцината на Фајзер

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Секојдневна тема овој период е вакцинацијата против Ковид-19, за која граѓаните дебатираат дали да се вакцинираат, дали имунизацијата ќе биде безбедна, кој смее, а кој не би смеел да се вакцинира. Сведоци сме на разни постови по социјалните мрежи од луѓе кои се поддржувачи на вакцините, до оние антиваксери кои повеќе веруваат во теории на заговор дека пандемијата на Ковид-19 е светска измама.

Како и да е, во многу земји вакцинацијата се спроведува веќе од пред крајот на 2020, а медиумите јавуваат за ретки случаи на контраиндикации по вакцинирањето. Кај нас вакцината треба да пристигне во февруари, но граѓаните, гледајќи дека во соседството постои можност за избор помеѓу повеќе вакцини, сега се повеќе загрижени дали вакцината од производителот Фајзер ќе биде ефикасна.

-Веќе има многу написи во кои разни експерти, пред сè имунолози и епидемиолози, посочуваат која вакцина е подобро да се прими во однос на тоа дали некој прележал Ковид-19, дали некој има други хронични заболувања или пак станува збор за генерално здрави луѓе. Кај нас има многу оскудни информации во однос на овие прашања. Неизвесноста е навистина голема. Многу би било подобро да постои избор меѓу повеќе вакцини, па граѓаните да слушнат совети од лекарите за која вакцина да се одлучат, велат соговорниците на Фактор.

Во однос на тоа дали во Македонија освен вакцините од фармацевсткиот гигант Фајзер и преку Ковакс-системот, вакцината АстраЗенека, можно е да добиеме и одреден број вакцини од други производители, Фактор побара одговор од Министерството за здравство, од каде велат дека засега е дефининирано дека од производителот Фајзер ќе имаме 800 000 од нивните вакцини. Според Ковакс механизмот, како што велат од Министерството за здравство, во нашата земја веројатно е дека исто така прво ќе стигне вакцината на Фајзер, а во понатамошните пратки можно е преку Ковакс да ја добиеме и вакцината на Астра Зенека.

-Сè уште нема детали за типот на вакцините кои треба да ги добиеме во нашата земја како помош од земјите членки на ЕУ. Вакцините против Ковид 19,  се безбедни, тестирани, проверени и развиени на безбеден начин исто како и сите други вакцини кои денес ги користиме. Апсолутно нема никаков ризик од вакцинацијата и Министерството за здравство апелира индицираните групи да ја примаат вакцината. Министерството за здравство го следеше нивниот процес на развој и сите фази од клиничките студии, потенцираат за Фактор од Министерството за здравство.

Инаку, вакцината од Фајзер е генетска вакцина која го стимулира телото да произведува скок на антитела. Руската вакцина е хибридна вакцина, каде што РНК се пресадува на аденовирус, додека кинеската вакцина се базира на мртов коронавирус. Ова е појаснување од српскиот епидемиолог д-р. Радмило Петровиќ, според кого граѓаните кои имале корона вирус најдобро би било да ја примат рсуката-Спутник V. Оние кои не се заразиле пак, со Ковид-19 би требало да се вакцинираат со вакцината на Фајзер. Лично ја препорачува кинеската вакцина, бидејќи е инактивирана вакцина на хронични пациенти, и има најмал ризик од несакани ефекти. Станува збор за класична вакцина, која не може да ја влоши основната состојба.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители