28 Март, 2024
0.0262

НЕКОЈА ЧУДНА КОРОНА - Мијалков беше позитивен во октомври, како сега пак го нападна

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Не можеле да го најдат органите на прогонот затоа што бил во самоизолација, бидејќи изгорел од висока температура од 40 степени, па се сомневал дека е позитивен на коронавирусот.

Вака Сашо Мијалков се оправда пред јавноста, на која и се извини, пред да се пријави во Обвинителството и да каже дека немал намера да бега.

Но, она што беше чудно, е како човек со симптоми, кој по правило треба да биде во самоизолација, влегува во просторија полна со луѓе.

А уште почудно е што мијалков мисли дека не паметиме оти на средината на октомври лани беше позитивен на коронавирусот.

Тогаш две рочишта за Таргет-Тврдина беа одложени поради тоа што ексдиректорот на УБК прво имаше симптоми, а потоа беше потврдено дека е заразен со ковид-19

Односно, токму за судењето за Таргет -Тврдина, за кое очекува пресуда во петок, и поради која се шпекулираше дека очекува да биде висока и да добие голема затворска казна, беа одложени две рочишта, токму поради здравствената состојба на обвинетиот Мијалков. Односно, првично тоа беше кога неговата сопруга Александра Мијалкова беше позитивна, па тој замина во самоизолација и се тестираше на ковид-19. А вториот пат рочиштето се одложи поради тоа што и самиот Мијалков доби позитивен тест на коронавирусот. Од тие причини беше закажано за ноември лани продолжувањето на судењето. 

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?