25 Април, 2024
0.0269

Неформално образование како потреба за дополнителни вештини за вработување

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Проблемот за недостиг од стручен кадар со пониско ниво на квалификации и неусогласеност на вештините со потребите на пазарот на труд, не е само проблем во нашата земја, туку е присутен во сите земји од Европа пред сé како резултат на процесот на менување на демографијата во земјите и промена на потребите на пазарот на труд за нови вештини и квалификации поттикнати од развојот на технологијата, автоматизацијата на процесите, дигитализацијата, компјутеризацијата и глобализацијата.

Според истражувањето за потребните вештини, направено од ГАК, Глобал, европската економија секоја година губи 2% од продуктивноста поради неусогласеност на вештините со реалните потреби. Во истата анализа повеќе од 7 фирми, на секои 10 фирми во Европа, неусогласеноста на вештините со потребите на пазарот на труд ја гледаат како пречка за инвестиции, додека 39% од возрасните работат на работно место со ниско ниво на вештини иако поседуваат повисоко ниво на вештини. Тоа долгорочно може да поттикне дополнителни проблеми. Истражувањата на ЦЕДЕФОП потврдуват дека постарите невработени лица се посебен ризик за вработување, бидејќи поседуваат ниско ниво на квалификации, а иста е состојбата и со жените во некои земји во ЕУ, бидејќи поседуваат ниско ниво на дигитални вештини како постарите лица, дури и кога се вработени.

За излез од ваквата состојба во Европа, Европската комисија фокусот го става на различните патишта на учење, без разлика на местото и годините. Неформалното образование станува важен сегмент за обезбедување инклузивност на поединците од различни возрасти и стекнување и унапредување практичните вештини за полесен пристап до вработување. Процесот нуди поддршка за 128 милиони лица (околу 46% од вкупната возрасна популација) во ЕУ кои имаат ниско ниво на квалификација и недоволно стручни вештини. Во земјите во Европската Унија, најмалку една третинаод активната работна сила, е предмет на која било форма на неформално образование преку која ги унапредуваат своите вештини и компетенции. Тоа значи одговорност на поединецот во стекнување на знаење и дополнителни вештини за да ги постигнат работните задачи на работно место, но и одговорност на понудувачите на обуки за квалитетна испорака на обуката. Улогата на бизнис секторот и во овој систем на образование е значајна во насока на дизајнирање на програми за обука според потребите и специфичностите на секторите и компаниите.

Покрај обуките за стекнување и унапредување на стручните вештини во кои практичната обука во компанија е дел од процесот на учење, за Европската комисија значаен процес на кој треба да се даде значење во неформалното образование е процесот на валидација на неформалното образование . Тоа е процес што подразбира признавање на знаењето, вештините и комптенциите што ги стекнал поединецот во текот на своето искуство во животот, независно од условите во кои се стекнати. Препознавањето оди во прилог да се искористи искуственото знаење и вештини за работните процеси, потврдени од легално тело.

Ако отворено гледаме на овој глобален проблем од недостиг на стручен кадар, неформалното образование е најбрзиот пристап за решавање на проблемот, иако постои разлика помеѓу учењето преку работа или практиканството кај учениците и кај возрасните во однос на мотивацијата, искуството, флексибилноста на програмите, педагогијата, пристапот и времето на учење, широчината на учење, адаптацијата, преквалификацијата и доквалификацијата, платата.

Но сепак крајната цел е иста – стекнување на квалификации и стручни знаења и вештини за потребите на реалниот сектор.


М-р Наташа Јаневска, самостоен советник


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет