19 Април, 2024
0.0288

НЕДЕЛА НА ЛИЦА БЕЗ МАСКИ - ќе видиме ли јасно кој е „за“ а кој „против“ аболициите на Иванов

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Зошто помалиот брат во владејачката коалиција, Демократската унија за интеграција, не застана рамо до рамо со своите партнери од СДСМ, кога тие поднесоа барање за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување? И зошто партијата има потреба да се консултира со правници за да одлучи дали нејзините пратеници ќе ја пддржат оваа иницијатива? Ваквите прашања се наметнуваат откако по одлуката на Уставен суд да преиспитува дали екс претседателот Ѓорѓе Иванов имал или не право да ги повлекува еднаш дадените помилувања, со што тие можат повторно да оживеат, министерката за правда Рената Дескоска побара од Собранието, преку автентично толкување да направи „брана“ за аболициите.

„Сега сите пратеници имаат шанса да покажат на дело - дали се застапници и поддржувачи на правдата, или се слуги на криминалот“, со овие зборови министерката ги повика народните избраници од сите партии што побргу да го донесат автентично толкување.

Пратеничката група на СДСМ реагираше веднаш, и уште истиот ден го поднесе барањето. 

„Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние. Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме. Граѓаните бараат правда и правда мора да има“, рече пратеникот Костадин Костадинов. 

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ, партија од која потекнуваат најголемиот дел од педесетината обвинети од СЈО, за кривични дела кои произлегоа од бомбите, веднаш реагираше, соопштувајќи дека принципиелно се против амнестии и аболиции. На таа тема вчера беше попрецизен лидерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ безусловно ќе ја поддржат иницијативата на СДСМ за автентично толкување. Но, Мицкоски заедно со ова, бара со закон да се забрани амнестија на политичари, а на веќе амнестираните да им се забрани да се занимаваат со политика.

„Ќе поддржиме се што како иницијатива во рамките на парламентот ќе биде поднесено, во насока на тоа еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на институтот аболиција. Но истовремено ја користам оваа прилика да ги повикам сите пратеници да ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, а таа е да се стави крај на политичката кариера на сите политичари кои во минатото биле аболирани“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали поддршката на иницијативата ќе биде условена, тој беше дециден дека таа ќе биде безусловна. Не, таа поддршка не ја условуваме, безусловна е“, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. 

Но затоа, своевиден шок предизвика ставот на владејачката ДУИ, кој воопшто не побрза да истрча со поддршка на иницијативата. Напротив, оттаму стигна информација дека тоа не може да се стори се додека не се консултирале со правни експерти.

„Во моментов правиме консултации со домашни и меѓународни правни експерти, со цел правно разјаснување на оваа состојба“, е кусиот став на ДУИ.

Во услови кога нејзините првенци јавно се декларираат дека се за нулта толеранција за корупцијата и правда за сите, нели требаше ставот на ДУИ за можното оживување на аболициите да биде многу појасно „против“? Има ли шанси, на неколку месеци пред вонредните избори, токму гласањето или не за автентичното толкување, да ја стави под знак прашалник владината коалиција? И дали конечно, ова значи дека во ДУИ се подготвува терен за оживување на старата љубов со некогашниот партнер со кој ја делеа власта, ВМРО-ДПМНЕ?

Универзитетскиот професор Мерсел Биљали, за Фактор вели дека, според него, сите партии, повеќе или помалку тактизираат. За СДСМ смета дека наместо сега панично да реагираат, требаше уште на стартот да расчистат со корумпираните судии. За ВМРО-ДПМНЕ - дека ќе биде интерсно да се види како тие ќе гласаат во Собранието. За ДУИ, пак, е на став дека тие очигледно купуваат време, бидејќи имаат и свои луѓе за спасување, иако не е исклучено и можно зближување со поранешните партнери.

„Мислам дека сите повеќе или помалку тактизираат. СДСМ, наместо од старт да тргнат по тоа зло, барем ќе повратеа многу пари во буџетот со бројни спогодби, тие на сред пат го загубија патот. Дури ќе добиеја психолошка предност, па и референдумот ќе им успееше, оти стравот ќе ги парализираше лажните патриоти, и без амнестија ќе гласаа, барем за поблага казна. Под таква психоза брзо ќе расчистеа и со Судскиот совет и со судовите. А тие едвај успеаја да го сменат поранешниот јавен обвинител, кому ништо не му недостига!!! Доцна се сетија за работи кои требаше во првите три месеци да ги направат. Напротив, судтсвото слободно продолжи да биде главната алатка за заштита на мега организираниот криминал, кој беше силно врзан за минатата власт. Загубија драгоцено време и сега. кога видоа дека тие сериозно се спремат за да ја срушат власта, некако панично реагираат. Па како не знаеја дека Уставниот суд со години некако чудно се однесува. Таму допонително назначија за судии луѓе партиски, поланеписмени, што е општ срам. И сега се чудат зошто некои судии така гласаат. Па таму се потребни луѓе со висок интегритет и професионалност, а не обични кукли. Слушаме сега како божем и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на криминалци. Но, ајде да се стави автентичното толкување на законот на расправа, па да го видиме и тоа чудо. ДУИ очигледно сака да купува време за да праша експерти! Човек да пукне од смеење. Тие со експертите - како пингвините и северниот пол. За вакво однесување на оваа партија, едни мислат дека се сака да се подготвува терен за старата љубов со ВМРО-ДПМНЕ, а други дека и тие имаат нивни луѓе за спасување“, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Лидерот на ЛДП, која е дел д владината коалиција, Горан Милевски, рече дека неделава што следи, кај сите ќе паднат маските. Доколку не помине автентичното толкување предложено од СДСМ, според него, ќе се доведе во прашање и владината коалиција.

„Јас ја доведувам во прашање и владината коалиција како таква ако не помине ова во Собранието. Доколку не се собере мнозинство за измена, тогаш се поставува прашање зошто таа Влада да постои како таква, коалициона, кога сите коалициски партнери не сакаат и немаат иста идеја како нас - да се соочиме и да се справиме со криминалот во државата, бидејќи ние на власт дојдовме дека ќе го решиме токму криминалот што произлегуваше од бомбите што премиерот Заев ги изнесе во јавноста“, рече Милевски.

А сега Уставен суд има на располагање две опции. Првата е да го укине членот 11 а, што би значело дека во иднин претседателот на државата нема да може да повлекува помилување, или да го поништи тој член, што ќе значи дека оживуваат амнестиите, или во превод, обвинетите од бомбите ќе бидат практично слободни луѓе. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?